1. Давидов псалм. Суди ме, Господи, зашто одев во својата невиност; и се надевам на Господа и нема да се поколебам.
2. Испитај ме, Господи, и искушај ме, испитај ми ги бубрезите и срцето.
3. Зашто Твојата милост е пред моите очи, и одам во Твојата вистина.
4. Јас не седам со нечесни луѓе и не се навраќам кај подмолните.
5. Го мразам друштвото на злосторниците и не седнувам со безбожниците.
6. Ги мијам своите раце во невиноста и го обиколувам Твојот жртвеник, Господи,
7. да ја разгласам јавно Твојата фалба и да раскажам за сите Твои прекрасни дела.
8. О, Господи, го љубам домот во кој престојуваш и местото каде е населена Твојата слава.
9. Не ми ја погубувај душата со грешниците, ниту мојот живот со крвопијците;
10. злочинот е во нивните раце, а десницата им е полна со поткупи.
11. А јас одам во својата невиност, избави ме и смилувај ми се!
12. Мојата нога стои на прав пат: ќе го благословувам Господа во собранијата.