1. Давидов псалм, кога бил во Јудејска пустина. О Боже, Ти си мој Бог: горливо Те барам Тебе; Мојата душа жеднее по Тебе, моето тело копнее по Тебе, како сува, жедна и безводна земја.
2. Те согледував Тебе во Светилиштето, гледајќи Ти ја славата и силата.
3. Твојата љубов е подобра од животот, моите усни ќе Те слават.
4. Така ќе Те благословувам додека сум жив, во Твое име ќе ги кревам рацете.
5. Мојата душа ќе биде сита како од сало и масло, ќе Те фалам со радосни усни.
6. Си спомнувам за Тебе, во постелата, размислувам за Тебе во ноќните бдеења.
7. Ти ми стана помош, радосно извикувам во сенката на Твоите крилја.
8. Мојата душа се прилепува кон Тебе, Твојата рака ме потпира.
9. Оние што ја туркаат мојата душа кон пропаст, нека слезат во длабочините на земјата,
10. нека и бидат предадени на власта на мечот, нека станат плен на лисиците.
11. А царот ќе се весели во Бога; ќе биде фален секој, кој се колне во Него, зашто ќе им биде затната устата на оние што зборуваат невистина.