1. Песна на воздигање. Ги подигам моите очи кон Тебе Кој живееш на небесата.
2. Ете, како што гледаат очите на слугата во рацете на господарот, и очите на слугинката во рацете на господарката, така нашите очи гледаат во Господа, нашиот Бог, додека ни се смилува нам.
3. Смилувај ни се, Господи, помилувај нè нас; зашто се преситивме од презрение.
4. Душата ни е пресита од потсмевнувањето на бесните, од презрението на гордите.