1. Воскликнувај Му на Господа, цела земјо!
2. Служете Му на Господа со веселба! Дојдете пред Неговото лице со радосни извикувања!
3. Знајте дека Господ е Бог: Тој нè создаде, и ние сме Негови, Негов народ сме и овци на Неговото пасиште.
4. Влезете: со благодарници во Неговата врата; со песни во Неговите дворови; фалете Го, славете Му Го името!
5. Зашто Господ е благ, Неговата милост е довека, Неговата вистина од род до род.