1. Зошто се бунат народите, зошто племињата замислуваат суети?
2. Земските цареви стануваат и кнезовите се собираат против Господа и против Неговиот Помазаник:
3. „Да ги скинеме нивните окови и да го отфрлиме нивниот јарем.”
4. Оној, што живее на небесата, им се смее, Господ им се потсмевнува.
5. Тогаш ќе им рече во Својот гнев, и со Својата јарост ќе ги збуни:
6. „Јас го поставив Мојот Цар над Сион, на Мојата Света Гора.”
7. „Ја објавувам Господовата одлука: Тој ми рече: *Ти си Мој Син, Јас те родив денес.
8. Побарај од Мене, и ќе ти ги дадам народите во наследство и земските краишта во сопственост.
9. Ќе владееш со нив со железен жезал и ќе ги скршиш како грнчарски сад.*”
10. Вразумете се сега, вие цареви; научете се земски судии!
11. Служете Му на Господа со страв, радувајте Му се со трепет.
12. Целувајте Го Синот, за да не се разгневи и да не загинете патем, зашто скоро ќе пламне Неговиот гнев. Блажени се сите кои се засолнуваат при Него!