1. Давидова песна за воздигање. Ете, колку е добро и колку е мило кога браќата живеат заедно.
2. Како скапоцено масло на главата, што слегуваше низ брадата, низ Ароновата брада, што слегуваше по работ на неговите облеки.
3. Како роса од Хермон, што слегува на горите сионски. Таму Господ го дава Својот благослов: живот довека.