поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66
  67. 67
  68. 68
  69. 69
  70. 70
  71. 71
  72. 72
  73. 73
  74. 74
  75. 75
  76. 76
  77. 77
  78. 78
  79. 79
  80. 80
  81. 81
  82. 82
  83. 83
  84. 84
  85. 85
  86. 86
  87. 87
  88. 88
  89. 89
  90. 90
  91. 91
  92. 92
  93. 93
  94. 94
  95. 95
  96. 96
  97. 97
  98. 98
  99. 99
  100. 100
  101. 101
  102. 102
  103. 103
  104. 104
  105. 105
  106. 106
  107. 107
  108. 108
  109. 109
  110. 110
  111. 111
  112. 112
  113. 113
  114. 114
  115. 115
  116. 116
  117. 117
  118. 118
  119. 119
  120. 120
  121. 121
  122. 122
  123. 123
  124. 124
  125. 125
  126. 126
  127. 127
  128. 128
  129. 129
  130. 130
  131. 131
  132. 132
  133. 133
  134. 134
  135. 135
  136. 136
  137. 137
  138. 138
  139. 139
  140. 140
  141. 141
  142. 142
  143. 143
  144. 144
  145. 145
  146. 146
  147. 147
  148. 148
  149. 149
  150. 150

Стар Завет

Нов Завет

Псалми 78 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Асафово учење. Послушај го, народе Мој, Мојот закон, приклони ги своите уши кон зборовите на Мојата уста!

2. Ќе ја отворам својата уста за поука, ќе ги изнесам тајните од древните времиња.

3. Она што чувме и научивме, што ни раскажуваа татковците,

4. не ќе го криеме од нивните деца, ќе го предадеме на идното поколение: Господовата слава и Неговата сила, и чудесните дела што ги направи.

5. Тој постави сведоштво за Јакова, положи Закон во Израел: Тоа што им го заповеда на нашите татковци, тие да му го соопштат на своите деца,

6. за да знае идното поколение, и синовите што ќе се родат, да им раскажуваат на своите деца,

7. својата надеж да ја положат на Бога и да не ги забораваат Божјите дела, туку да ги исполнуваат Неговите заповеди,

8. и да не бидат - како нивните татковци - упорно и непокорно поколение. Поколение непостојано со срцето и со духот неверно на Бога.

9. Ефремовите синови, воини со лакови, ги свртија плеќите во денот на битката.

10. Не го додржаа Заветот со Бога и не сакаа да одат според Неговиот Закон.

11. Ги заборавија Неговите дела, чудата што им ги покажа.

12. Пред нивните очи правеше знаци во Египет, во Полето Зоан.

13. Тој го раздвои морето и ги преведе, ги издигна водите како насип.

14. Дење ги водеше со облакот, а цела ноќ со блескав оган.

15. Расцепи карпа во пустината и ги напои изобилно како од бездните.

16. Извади потоци од стената, и направи да протечат води како големи реки.

17. А тие продолжуваа да грешат, го огорчуваа Сèвишниот во пустината.

18. Го искушуваа Бога во своите срца, барајќи јадења за својата лакомост.

19. Зборуваа против Бога и прашаа: „Може ли Бог да стави трпеза во пустината?

20. Ете, Тој ја удри карпата, и водата потече и потоците се прелеваа: а може ли да даде леб и да му достави месо на Својот народ?”

21. Кога Господ го чу тоа, пламна со гнев: оган се распали против Јакова, гневот се разјари против Израела,

22. Зашто не Му веруваше на Бога, ниту се надеваа на Неговата помош.

23. Па му нареди, одозгора, на облакот, и ги отвори небесните брани,

24. како дожд излеа врз нив да јадат мана, и ги нахрани со небесниот леб.

25. Човекот јадеше ангелски леб; Тој им даде храна до ситка.

26. Го разбуди на небото источниот ветер, и со сета сила го доведе југот.

27. Истури врз нив месо како прав, и крилести птици како морски песок.

28. Паднаа среде нивниот логор и околу нивните живеалишта.

29. Јадеа и се наситија, тој ја исполни нивната желба.

30. Уште не се беа откажале од својата лакомост и јадењето уште им беше во устите,

31. кога Божјиот гнев се распали на нив: ги покоси со смрт нивните прваци, и ги погуби Израелевите момчиња.

32. Покрај сè тоа, грешеа натаму и не веруваа во Неговите чудесни дела.

33. И им ги приврши дните со еден здив, и нивните години со ненадежен свршеток.

34. Кога ги убиваше, Го бараа, и пак прашуваа за Бога;

35. си спомнуваа дека Бог е нивна карпа и Сèвишниот нивен Откупител.

36. Но пак Го измамуваа со својата уста и Го лажеа со својот јазик.

37. Нивното срце не беше наполно со Него, ниту беа верни на Неговиот Завет.

38. А Тој милостиво им го проштаваше гревот и не ги погубуваше; често го воздржуваше Својот гнев, за да не пламне со сета жестина.

39. Си спомнуваше дека се тело, и здив што заминува и не се враќа веќе.

40. Колку Го огорчуваа во пустината, и Го жалостеа во безводен крај!

41. Сè наново Го искушуваа Бога и Го ограничија Израелевиот Светец,

42. не спомнувајќи си за Неговата рака, ни за денот кога ги избави од непријателите,

43. ни за Неговите знаци во Египет, ни за чудесните дела во Зоанското Поле.

44. Им ги претвори реките во крв, и нивните потоци, за да не пијат.

45. Испрати стршели на нив, за да ги погубуваат.

46. И ја предаде нивната жетва на скакулците и плодот на нивната мака на гасениците.

47. Ги удри со град нивните лозја, а со мраз нивните смокварници.

48. И го предаде на град нивниот добиток, и на секавиците нивните стада.

49. Ја излеа врз нив сета жестокост на Својот гнев, на јароста, бесот и неволјата: ги испрати на нив ангелите на несреќата.

50. И отвори пат за Својот гнев: не им го поштеди животот од смртта, го предаде на помор нивниот живот.

51. Порази во Египет сè првородено, првенците во Хамовите шатори.

52. И го поведе Својот народ како овци, и ги водеше како стадо низ пустината.

53. Ги водеше безопасно и не се плашеа, а морето ги покри нивните непријатели.

54. Тој ги одведе во Својата Света Земја, на бреговите што ги освои Неговата десница.

55. Пред нив ги истера многубошците, со јаже им го подели наследството, ги насели израелските племиња под нивните шатори.

56. А тие го искушуваа и Го гневеа Сèвишниот Бог и не ги исполнуваа Неговите заповеди.

57. Отпаднаа, изневерија, како нивните татковци, затаија како неверен лак.

58. Го принудија со своите високи места, Го поттикнуваа на завист со своите идоли.

59. Бог виде и пламна со гнев, го отфрли целосно Израел.

60. И го напушти Своето престојувалиште во Силом, шаторот во кој живееше меѓу луѓето.

61. И ја предаде во ропство Својата Сила, и Својата Слава во непријателски раце.

62. Го предаде на меч Својот народ, се разгневи на Своето наследство.

63. Огнот ги проголта нивните момчиња, нивните девици не се омажија.

64. Нивните свештеници паднаа од меч, не заплакаа нивните вдовици.

65. Тогаш, Господ се тргна како од сон, како Воин совладан од вино.

66. Ги удри Своите непријатели, ги одби назад, им зададе вечен срам.

67. Тој го отфрли Јосифовиот шатор и не го избра Ефремовото племе,

68. туку го избра Јудиното племе и гората Сион, што му замиле.

69. Изгради Светилиште високо како небото, го утврди довека како земјата.

70. Го избра Својот слуга Давид, го зеде од кошарите на овците;

71. го одведе од овците доилки, за да го пасе Јакова, Неговиот народ, и Израел, Неговото наследство.

72. И ги пасеше со честито срце и ги водеше со грижливи раце.