1. Песна на воздигање. Кога Господ ги враќаше сионските заробеници, ни беше како да сонуваме.
2. Устата ни беше полна со смеење, а јазикот со пеење. Тогаш меѓу народите се зборуваше: „Господ направи големи дела за нив!”
3. Господ ни направи големи дела: пак сме радосни!
4. Врати ги, о Господи, нашите заробеници, како негевските потоци!
5. Оние што сејат со солзи, жнијат со песни.
6. Одеа со плачење, носејќи го семето за сеење: навистина ќе се враќаат со песна, носејќи ги своите снопови.