1. Песна на воздигање Соломонова. Ако Господ не го гради домот, напразно се трудат ѕидарите. Ако Господ не го чува градот, напразно бдее стражарот.
2. Залудно ви е да станувате пред зората и да седите долго во ноќта, вие што го јадете лебот на трудот: Тој им дава на Своите возљубени и во сон.
3. Еве, синовите се дар од Господа, Негова награда е: плодот на утробата.
4. Стрела во раката на воинот - тоа се синовите на младоста.
5. Блажен е човекот кој со нив ќе ја наполни својата торба, не ќе се засрами, кога ќе разговара со непријателот во вратата.