1. На бреговите на вавилонските реки седевме и плачевме, спомнувајќи си за Сион;
2. на врбите наоколу ги обесивме нашите псалтири.
3. И тогаш нашите поробувачи побараа од нас да пееме, нашите поробувачи побараа да се веселиме: „Испејте ни една од сионските песни!”
4. Како да ја пееме Господовата песна во туѓа земја!
5. Нека ми се осуши мојата десница, Ерусалиме, ако те заборавам тебе!
6. Нека ми се залепи јазикот за непцето, ако твојот спомен го превидам кога и да е, ако не го возвишам Ерусалим над секоја моја радост!
7. Не заборави им, Господи, на Едомовите синови, како во Ерусалимов ден, тие викаа: „Рушете! Разурнете го до темели!”
8. Вавилонска ќерко, што ќе бидеш запустена, блажен е оној, кој ќе ти врати: За сè што ни си сторила.
9. Блажен е оној, кој ќе ги грабне и ќе ги разбие на камен твоите младенци!