1. Песна. Псалм за Кореевите синови. Господ е величествен, предостоен за фала, во градот на нашиот Бог, Неговата Света Гора.
2. Величествениот рид, е радост на целата земја. Планината Сион на крајниот север, е град на великиот Цар.
3. Бог во нејзините дворци, се покажа како цврста тврдина.
4. Зашто, ете, царевите се сложија, нападнаа заеднички.
5. Штом видоа, се зачудија, и збунети почнаа да бегаат.
6. Таму ги опфати трепет, како болки на родилка,
7. како кога источниот ветер, ги крши тарсиските бродови.
8. Што чувме, сега гледаме: градот на Господа на Воинствата, градот на нашиот - Бог Бог го зацврстува довека.
9. Си спомнуваме Боже, за Твојата благост, среде Твојот Храм.
10. Како Твоето име, Боже, така и Твојата слава стигнуваат до крајот на земјата. Твојата десница е полна со правда.
11. Нека се весели Сионската Гора, нека се радуваат Јудините ќерки заради Твоите судови!
12. Обиколете го Сион и поминете преку него, пребројте ги неговите стражарници!
13. Погледајте ги добро неговите утврдувања; разгледајте ги неговите дворци: за да им раскажувате на идните поколенија;
14. Таков е Бог, нашиот Бог засекогаш и довека! Тој ќе не раководи дури до смрт!