1. За началникот на пејачите. За Кореевите синови. Песна за Аламот. Господ ни е засолниште и тврдина, секогаш проверен помошник во неволја.
2. Затоа не се плашиме кога земјата се лулее, кога бреговите се рушат во морето.
3. Нека бучат и беснеат морските бранови, нека треперат планините од нивната жестокост:
4. Реката и нејзините струи го веселат Божјиот Град, пресветиот шатор на Сèвишниот.
5. Бог е сред него, нема да се разлулее; Бог му помага од првите мугри.
6. И да беснеат народите, и да се распаѓаат царствата, штом Неговиот глас загрми, земјата се растопува:
7. Господ на Воинствата е со нас, Јакововиот Бог е наша тврдина!
8. Дојдете, видете ги Господовите дела, какви чуда Тој направи на земјата:
9. Ги прекрати војните до крајот на земјата, ги крши лаковите и ги ломи копјата, ги изгорува колите со оган.
10. Молкнете и знајте дека Јас Сум Бог, возвишен над народите, возвишен над целата земја.
11. Господ на Воинствата е со нас, Јакововиот Бог е наша тврдина!