1. Песна на воздигање. Блажен е секој, кој се бои од Господа, кој оди по Неговите патеки!
2. Ти ќе го уживаш плодот на твоите раце, блажен ќе си, и ќе ти биде добро.
3. Твојата жена ќе биде како плодна лоза во внатрешноста на твојот дом. Твоите синови како млади маслинови гранчиња, околу твојот стол.
4. Ете, така ќе биде благословен човекот, кој се бои од Господа.
5. Господ да те благослови од Сион, да уживаш во среќата на Ерусалим, низ сите денови на Твојот живот!
6. Да ги видиш синовите на Твоите синови. Мир на Израел!