поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66
  67. 67
  68. 68
  69. 69
  70. 70
  71. 71
  72. 72
  73. 73
  74. 74
  75. 75
  76. 76
  77. 77
  78. 78
  79. 79
  80. 80
  81. 81
  82. 82
  83. 83
  84. 84
  85. 85
  86. 86
  87. 87
  88. 88
  89. 89
  90. 90
  91. 91
  92. 92
  93. 93
  94. 94
  95. 95
  96. 96
  97. 97
  98. 98
  99. 99
  100. 100
  101. 101
  102. 102
  103. 103
  104. 104
  105. 105
  106. 106
  107. 107
  108. 108
  109. 109
  110. 110
  111. 111
  112. 112
  113. 113
  114. 114
  115. 115
  116. 116
  117. 117
  118. 118
  119. 119
  120. 120
  121. 121
  122. 122
  123. 123
  124. 124
  125. 125
  126. 126
  127. 127
  128. 128
  129. 129
  130. 130
  131. 131
  132. 132
  133. 133
  134. 134
  135. 135
  136. 136
  137. 137
  138. 138
  139. 139
  140. 140
  141. 141
  142. 142
  143. 143
  144. 144
  145. 145
  146. 146
  147. 147
  148. 148
  149. 149
  150. 150

Стар Завет

Нов Завет

Псалми 68 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началник на пејачи. Давидов псалм. Песна. Нека се крене Бог! Нека се разбегаат Неговите непријатели, нека избегаат пред Него сите Негови мразители!

2. Како што исчезнува димот, нека ги снема и нив! Како што се топи восокот врз оган, така нека ги снема грешниците пред Божјото лице!

3. Нека се радуваат праведните, нека Му пеат на Бога, нека воскликнуваат од радост.

4. Пејте на Бога, славете го Неговото име! Порамнете го патот на Оној, Кој оди низ пустината, чие име е Господ - и радувајте се пред Него!

5. Татко на сирачињата, бранител на вдовиците, Бог е во Своето свето Живеалиште.

6. Бог ќе ги настани осамените во семејства, на затворениците ќе им даде среќна слобода: само бунтовниците останаа во безводната пустина.

7. Боже, кога чекореше пред Својот народ, додека поминуваше низ пустината,

8. земјата се тресеше, небото росеше пред Бога, Синај трепереше пред Бога, Израелевиот Бог.

9. Боже, Ти испрати благословен дожд на Своето наследство, го зајакна кога беше уморно.

10. Твоето стадо се насели во него, со добрина Боже, Ти го подготви за сиромашниот.

11. Господ даде слово: големо е мноштвото на радосните известители:

12. Царевите на војските бегаат и бегаат, домаќинките го разделуваат запленетото.

13. Додека вие се одморувавте меѓу стадата, крилата на гулабицата заблистаа со сребро, а нејзиното перје со жолтикаво злато:

14. таму Сèмоќниот ги разбиваше царевите, а таа заблеска како снег на Селмон.

15. Божја планина е Васанската планина; високата Гора, е Васанска Гора.

16. Зошто вие, врвлести планини, гледате со завист на гората, каде Бог благоволи да живее? Господ ќе престојува на неа секогаш!

17. Божјите воени коли се безбројни, илјадници илјади: Господ доаѓа од Синај во Своето Светилиште!

18. Издигајќи се на височина, водејќи ги заробениците, Ти доби дарови меѓу луѓето, а и меѓу бунтовниците - за да се настаниш таму Господе Боже!

19. Благословен да е Бог од ден на ден, Бог нè носи, нашиот Спасител.

20. Нашиот Бог е Бог Кој спасува, Господ избавува од смрт.

21. Навистина, Бог ќе ги скрши главите на Своите непријатели, влакнестото теме на оној, што оди во гревови.

22. Господ рече: „Ќе ги доведам од Васан, ќе ги доведам од длабочината на морето,

23. за да ја капеш ногата во крв, за да имаат јазиците на твоите кучиња дел од непријателот.

24. Боже, го гледаат влегувањето, влегувањето на мојот Бог и Цар во Светилиштето:

25. Напред пеачи, по нив свирачи, во средина - девици со даириња.

26. „Славете Го Бога на свечени собранија, славете Го Бога, Израелеви синови!”

27. Најмладиот, Венијамин, ги предводува, кој оди пред нив, таму се Јудините кнезови со своите чети, Завулоновите кнезови и Нефталимовите кнезови.

28. Боже, покажи ја Својата сила, силата, Боже, со која се бориш за нас

29. од Својот Храм во Ерусалим! Нека Ти носат царевите дарови!

30. Скроти го ѕверот во трската, стадо бикови со телиња на народите! Нека се опростат пред Тебе со сребрените жезли: распрсни ги народите, кои ја сакаат војната!

31. Нека дојдат големците од Египет, Етиопија нека Му пружи рака на Бога!

32. Сите царства на светот пејте Му на Бога, славете Го Господа,

33. Кој се вози по небото, по исконското небо! Чуј, грми со гласот, со Својот силен глас:

34. „Признајте ја Божјата сила!” Неговото величество над Израел, Неговата сила во облаците!

35. Страшен е Бог од Своето Светилиште. Израелевиот Бог му дава моќ и сила на Својот народ. Благословен да е Бог!