1. Алилуја! Господови слуги фалете Го, фалете Го Господовото Име!
2. Благословено да е Господовото Име сега и довека!
3. Од изгрејсонце до зајдисонце фалено да е Господовото Име!
4. Господ е возвишен над сите народи, Неговата Слава ги надвишува небесата.
5. Кој е како Господ, нашиот Бог, Кој седи во висините
6. и ги гледа, одозгора, небото и земјата?
7. Го воздига бедниот од правот, го вади сиромашниот од калта,
8. за да го седне со првенците, со првенците на Својот народ.
9. На неротката и дава да се настани во дом, како радосна мајка на деца.