поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66
  67. 67
  68. 68
  69. 69
  70. 70
  71. 71
  72. 72
  73. 73
  74. 74
  75. 75
  76. 76
  77. 77
  78. 78
  79. 79
  80. 80
  81. 81
  82. 82
  83. 83
  84. 84
  85. 85
  86. 86
  87. 87
  88. 88
  89. 89
  90. 90
  91. 91
  92. 92
  93. 93
  94. 94
  95. 95
  96. 96
  97. 97
  98. 98
  99. 99
  100. 100
  101. 101
  102. 102
  103. 103
  104. 104
  105. 105
  106. 106
  107. 107
  108. 108
  109. 109
  110. 110
  111. 111
  112. 112
  113. 113
  114. 114
  115. 115
  116. 116
  117. 117
  118. 118
  119. 119
  120. 120
  121. 121
  122. 122
  123. 123
  124. 124
  125. 125
  126. 126
  127. 127
  128. 128
  129. 129
  130. 130
  131. 131
  132. 132
  133. 133
  134. 134
  135. 135
  136. 136
  137. 137
  138. 138
  139. 139
  140. 140
  141. 141
  142. 142
  143. 143
  144. 144
  145. 145
  146. 146
  147. 147
  148. 148
  149. 149
  150. 150

Стар Завет

Нов Завет

Псалми 89 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Учење на Етан Езрахит. За Господовата љубов ќе пеам довека, Твојата вистина ќе ја проповедам низ сите поколенија.

2. Зашто реков: „Мојата љубов е создадена засекогаш!” Својата вистина ја втемели на небото:

3. „Склучив Завет со Својот избраник, Му се заколнав на Својот слуга Давид:

4. ќе го утврдам Твоето потомство довека, ќе го создадам твојот престол за сите родови.”

5. Небесата ги величаат Твоите чудеса, Господи, и Твојата верност во собранието на светите.

6. Зашто кој Му е рамен на Господа во облаците? Кој Му е сличен на Господа меѓу Божјите синови?

7. Бог е стравичен во собранието на светите, велик и страшен за сите околу Себе.

8. Господи, Боже над Воинствата, кој е како Тебе? Силен Си, Господи, и вистината Те опкружува.

9. Ти му заповедаш на бурното море, ја скротуваш силата на неговите бранови;

10. Ти го сосече и го згази Раав, со силна мишка ги распрсна Твоите непријатели.

11. Твои се небесата и Твоја е земјата, Ти го создаде земниот круг и сè што е на него;

12. Ти создаде север и југ, Тавор и Ермон се радуваат на Твоето име.

13. Твојата мишка е силна, раката цврста, десницата крената.

14. Правдата и справедливоста се основа на Твојот престол, љубовта и вистината чекорат пред Тебе.

15. Блазе му на народот свикнат со светите воскликнувања, тој оди во сјајот на Твоето лице, Господи.

16. Секогаш се радува во Твоето име, и со Твојата правда се воздига.

17. Зашто Ти си слава на неговата сила, по Твоја милост расте нашата сила.

18. Зашто Господ е наш штит, Израелевиот Светец е наш Цар.

19. Некогаш во видение им зборуваше на Своите свети: „На јунакот му ставив круна на главата, го издигнав избраникот од народот;

20. го најдов Давида, Својот слуга, го помазав со Своето свето масло,

21. за да остане Мојата рака секогаш со него и Мојата мишка да го крепи.

22. Нема да го надмудри непријател, ниту да го превали синот на беззаконието.

23. Ќе ги разбијам пред него неговите противници, ќе ги погубам неговите мразители.

24. Мојата верност и Мојата добрина ќе бидат со него, и во Мое име ќе му расте силата.

25. Ќе ја испружам неговата рака до морето, неговата десница до Реката.

26. Тој ќе Ме вика: *Татко мој! Боже мој и карпа на моето спасение.*

27. А Јас ќе го направам првороденец, најголем меѓу царевите на светот.

28. За него ќе ги запазам довека: Мојата милост и Мојот верен Сојуз.

29. Ќе го направам вечно неговото потомство, и неговиот престол како небесен ден.

30. Ако неговите синови го остават Мојот Закон и не одат според Моите наредби;

31. ако ги престапат Моите одредби и не ги чуваат Моите заповеди;

32. со прачка ќе го казнам нивното недело, со лути ударци нивната вина,

33. но нема да му ја одземам Мојата наклоност, ниту ќе ја прекршам Мојата вистина.

34. Нема да го нарушам Мојот Завет и не ќе го одречам Моето ветување.

35. Еднаш се заколнав во Мојата светост: нема да го измамам Давида.

36. Неговото потомство ќе остане довека, неговиот престол, пред Мене, како сонце.

37. Ќе остане довека како месечина, верен сведок на небото.”

38. А сега Ти го одби и го отфрли, многу се разгневи на својот помазаник.

39. Го презре Сојузот со Твојот слуга, и ја понизи до земја неговата круна.

40. Ги разурна сите негови ѕидови, ги фрли во урнатини неговите тврдини.

41. Го ограбуваат сите што ќе поминат, стана за исмејување на своите соседи.

42. Ја подигна десницата на неговите напријатели, и ги зарадува неговите противници.

43. Ја затапи острицата на неговиот меч, не му помогна во бојот.

44. Му стави крај на неговиот блесок, го обори на земја неговиот престол.

45. Ги скрати дните на неговата младост, го покри со срам.

46. До кога, Господи? Зар ќе се криеш секогаш? Дали Твојот гнев ќе гори како оган?

47. Спомни си колку е краток мојот живот, во каква суета ги создаде сите човечки синови.

48. Кој жив не ќе ја види смртта? Кој ќе ја запази душата од раката на Подземјето?

49. Каде е, Господи, Твојата исконска добрина, со која му се заколна на Давида, за Својата верност?

50. Сети се, Господи, за срамот на своите слуги: во срцето ја носам сета омраза на многубошците,

51. со која се нафрлаат Твоите непријатели, Господи, со која се нафрлаат на чекорите на Твојот помазаник.

52. Благословен да е Господ довека! Нека биде така. Амин.