поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66
  67. 67
  68. 68
  69. 69
  70. 70
  71. 71
  72. 72
  73. 73
  74. 74
  75. 75
  76. 76
  77. 77
  78. 78
  79. 79
  80. 80
  81. 81
  82. 82
  83. 83
  84. 84
  85. 85
  86. 86
  87. 87
  88. 88
  89. 89
  90. 90
  91. 91
  92. 92
  93. 93
  94. 94
  95. 95
  96. 96
  97. 97
  98. 98
  99. 99
  100. 100
  101. 101
  102. 102
  103. 103
  104. 104
  105. 105
  106. 106
  107. 107
  108. 108
  109. 109
  110. 110
  111. 111
  112. 112
  113. 113
  114. 114
  115. 115
  116. 116
  117. 117
  118. 118
  119. 119
  120. 120
  121. 121
  122. 122
  123. 123
  124. 124
  125. 125
  126. 126
  127. 127
  128. 128
  129. 129
  130. 130
  131. 131
  132. 132
  133. 133
  134. 134
  135. 135
  136. 136
  137. 137
  138. 138
  139. 139
  140. 140
  141. 141
  142. 142
  143. 143
  144. 144
  145. 145
  146. 146
  147. 147
  148. 148
  149. 149
  150. 150

Стар Завет

Нов Завет

Псалми 49 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачи. За Кореевите синови. Псалм. Слушајте го ова, сите народи, чујте, сите жители на земјата,

2. вие, деца на народот, и вие високо поставени, богати и бедни заедно!

3. Мојата уста ќе зборува мудрост, и моето срце разумни мисли.

4. Ќе го наведнам увото кон поучна приказна, ќе ја изнесам својата гатанка со китара.

5. Зошто да се палашам во несреќни денови, кога ме опкружи злобата на предавниците,

6. кои се надеваат на својот имот и се фалат со големо богатство?

7. Човек не може никако да го откупи брата си, ниту да му даде на Бога откупнина:

8. цената на животот е превисока и никогаш не ќе ја плати,

9. за да може да живее довека и да не ја види гробната јама.

10. Зашто, и мудрите умираат, гинат и лудиот и безумниот; своите богатства им ги оставаат на други.

11. Во себе мислат; нивните куќи ќе останат засекогаш, нивните станови од колено до колено, иако ги наречуваат земјите со свои имиња.

12. Но човекот со сета своја слава не ќе трае. Сличен е на животните што гинат.

13. Таков е патот на оние што се надеваат напразно, таков е крајот на оние што уживаат во своите зборови.

14. Како стада се збираат во Подземјето, смртта им е пастир; а добрите ќе владеат над нив во утрото. Нивниот облик ќе биде уништен, Подземјето ќе им биде живеалиште.

15. А мојата душа Бог ќе ја истрга од кан?ите на Подземјето и ќе ме прими милостиво.

16. Не бој се ако некој се обогати, и ако се зголеми имотот на неговиот дом:

17. кога ќе умре, ништо не ќе земе со себеси и неговото благо нема да слезе со него.

18. Ако се сметаше за среќен во животот, ќе се зборува дека ти беше добро!

19. И тој ќе дојде во собранието на своите татковци, каде не ќе ја види повеќе светлината.

20. Човекот кој живее неразумно, сличен е на животните што гинат.