1. Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините!
2. Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства!
3. Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди!
4. Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод!
5. Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде.
6. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине.
7. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни,
8. Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово!
9. Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови,
10. Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици!
11. Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии!
12. Момчиња и девици, старци со децата заедно.
13. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото,
14. Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови - народ што Му е близок. Алилуја!