поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66
  67. 67
  68. 68
  69. 69
  70. 70
  71. 71
  72. 72
  73. 73
  74. 74
  75. 75
  76. 76
  77. 77
  78. 78
  79. 79
  80. 80
  81. 81
  82. 82
  83. 83
  84. 84
  85. 85
  86. 86
  87. 87
  88. 88
  89. 89
  90. 90
  91. 91
  92. 92
  93. 93
  94. 94
  95. 95
  96. 96
  97. 97
  98. 98
  99. 99
  100. 100
  101. 101
  102. 102
  103. 103
  104. 104
  105. 105
  106. 106
  107. 107
  108. 108
  109. 109
  110. 110
  111. 111
  112. 112
  113. 113
  114. 114
  115. 115
  116. 116
  117. 117
  118. 118
  119. 119
  120. 120
  121. 121
  122. 122
  123. 123
  124. 124
  125. 125
  126. 126
  127. 127
  128. 128
  129. 129
  130. 130
  131. 131
  132. 132
  133. 133
  134. 134
  135. 135
  136. 136
  137. 137
  138. 138
  139. 139
  140. 140
  141. 141
  142. 142
  143. 143
  144. 144
  145. 145
  146. 146
  147. 147
  148. 148
  149. 149
  150. 150

Стар Завет

Нов Завет

Псалми 45 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. За началникот на пејачите. На Шошан. Поука за Кореевите синови. Љубовна песна. Прекрасни зборови извираат од моето срце: својата песна му ја пејам на царот, јазикот ми е како трска на брзописецот.

2. Убав си, најкрасен меѓу човечките синови, милина ти се разлева по усните, заради тоа Бог нека те благослови довека.

3. Препаши меч на своето бедро, јунаку, наметни се со сјај и величество!

4. Јавни победнички во своето величие, заради вистината, кротоста и правдата, Твојата десница нека научува страшни нешта!

5. Остри се Твоите стрели, народи паѓаат пред Тебе, и царските непријатели ги напушта храброста.

6. Твојот престол, Боже, е до вечни векови, и праведен жезал - е жезал на Твоето Царство!

7. Ти ја љубиш правдата, а го мразиш беззаконието, заради тоа, Господ, Твојот Бог, Тебе Те помаза со масло на радоста, како никого од Твоите другари.

8. На смирна, алој и касија мирисаат твоите облеки, од дворците, од слонова коска, Те веселат псалтири.

9. Царските ќерки се меѓу твоите почесни, оддесно ти е царицата во офирско злато.

10. „Слушај ќерко, погледај, прислушни: заборави го својот народ и домот на татка си!

11. Ако ја посака царот твојата убавина, поклони му се скромно, зашто тој е твој господар.

12. Тирската ќерка доаѓа со дар, народните првенци ја бараат твојата наклонетост.”

13. Целата слава на царската ќерка е внатре, нејзините облеки се везени со злато.

14. Ја доведуваат при царот во облека со шарен вез, придружба и се девици - нејзините другарки.

15. Со веселба и радост ги доведуваат, влегуваат во царскиот дворец.

16. Твоите синови ќе ги наследат твоите татковци, ќе ги поставиш за кнезови на целата земја.

17. Од колено на колено ќе го навестуваат Твоето име, народите ќе Те фалат во вечни векови.