поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66
  67. 67
  68. 68
  69. 69
  70. 70
  71. 71
  72. 72
  73. 73
  74. 74
  75. 75
  76. 76
  77. 77
  78. 78
  79. 79
  80. 80
  81. 81
  82. 82
  83. 83
  84. 84
  85. 85
  86. 86
  87. 87
  88. 88
  89. 89
  90. 90
  91. 91
  92. 92
  93. 93
  94. 94
  95. 95
  96. 96
  97. 97
  98. 98
  99. 99
  100. 100
  101. 101
  102. 102
  103. 103
  104. 104
  105. 105
  106. 106
  107. 107
  108. 108
  109. 109
  110. 110
  111. 111
  112. 112
  113. 113
  114. 114
  115. 115
  116. 116
  117. 117
  118. 118
  119. 119
  120. 120
  121. 121
  122. 122
  123. 123
  124. 124
  125. 125
  126. 126
  127. 127
  128. 128
  129. 129
  130. 130
  131. 131
  132. 132
  133. 133
  134. 134
  135. 135
  136. 136
  137. 137
  138. 138
  139. 139
  140. 140
  141. 141
  142. 142
  143. 143
  144. 144
  145. 145
  146. 146
  147. 147
  148. 148
  149. 149
  150. 150

Стар Завет

Нов Завет

Псалми 107 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Славете Го Господа, зашто е благ, зашто Неговата милост е вечна!

2. Така нека речат сите избавеници, кои Господ ги избави од непријателските раце,

3. и кои ги собра од сите земји: од исток и запад, од север и југ.

4. Скитаа низ пустината, во пуста осаменост, не наоѓајќи пат до населен град.

5. Беа гладни, изморени од жед, душата истоштена во нив.

6. Тогаш извикаа на Господа во својата тешкотија, и Тој ги избави од сите неволји.

7. Ги поведе по правиот пат, за да стигнат до населен град.

8. Нека Го слават Господа за Неговата милост, за Неговите чудеса кон човечките синови,

9. зашто Тој ја насити гладната душа, Тој ја наполни со добрина изгладнетата душа.

10. Седеа во мрак и во темнина, оковани со беда и со железо,

11. зашто и се противеа на Божјата беседа и го презреа наумот на Сèвишниот.

12. Заради тоа им го скрши срцето со страдања, се слизнуваа, а немаше никој да им помогне.

13. Тогаш извикаа кон Господа во својата тешкотија, и Тој ги спаси од сите неволји.

14. Ги изведе од мрак и од темнина, ги скина нивните окови.

15. Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови!

16. Зашто ја разби бронзената врата и ги скрши железните лостови.

17. Неразумните се мачеа заради своите бунтовни патишта, поради своите безумности, се мачеа.

18. Секое јадење и се гадеше на нивната душа, дојдоа до вратата на смртта.

19. Тогаш извикаа кон Господа, во својата беда, и Тој ги спаси од сите неволји.

20. Го испрати Своето слово, за да ги оздрави, и за да им го спаси животот од гробната јама.

21. Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови!

22. Нека принесуваат благодарни жртви, и воскликнувајќи нека ги раскажуваат Неговите дела.

23. Тие кои забродија со бродови по морето, да тргуваат по силните води:

24. тие ги видоа Господовите дела, Неговите чудеса во длабочните.

25. Тој рече и буроносниот ветер се завиори, што ги крева морските бранови во височина.

26. Се креваа до небо, се спуштаа во бездна. Душата им гинеше во неволја.

27. Се лулаа и се слизнуваа како пијани, сета мудрост ги изневери.

28. Тогаш извикаа кон Господа во својата тешкотија и Тој ги истрга од сите неволји.

29. Ја смири бурата со тивко ветерче, морските бранови молкнаа.

30. Се израдуваа на тишината, Тој ги поведе во желно пристаниште.

31. Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови!

32. Нека Го возвишуваат во народното собрание, Нека Го фалат во советот на старците!

33. Тој ги претвори: реките во пустина, а водните извори во жедна земја;

34. плодоносната земја во солена пустина, заради лошотијата на нејзините жители.

35. Тој ја претвори пустината во езеро, а сувата земја во водени извори.

36. И ги насели таму изгладнетите, па изградија град каде ќе живеат.

37. Ги засеаја нивите, ги засадија лозјата, што им донесоа изобилни плодови.

38. И Тој ги благослови, па се намножија многу, и стадата не им се намалија.

39. Беа проредени и презрени, под товарот на страдањата и неволјите.

40. Оној Кој излива презрение кон кнезовите, ги пушти да скитаат по пусти патишта.

41. Го издига бедниот од неволја и ги умножи семејствата како стадо.

42. Гледајќи го тоа, нека се радуваат чесните, а беззаконикот нека си ја затвори устата!

43. Кој е мудар, нека размисли за сè тоа и нека ја согледа Господовата милост.