поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Нов Завет

Откровение 20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Сатаната врзан на илјада години

1. Потоа видов како од небото слегуваше ангел кој го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја:

2. го фати змевот, древната змија, која е ѓаволот и сатаната – и го врза за илјада години;

3. потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до за­вр­шу­ва­њето на илјада години; по ова време тој треба да биде пуштен за малку време.

4. И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и ду­шите чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние што не му се поклонија на ѕверот ниту на неговата биста, и не примија белег на челата свои и на ра­це­те свои и оживеаја и царуваа со Хрис­тос илјада години.

5. Другите, пак, од умрените не ожи­ве­аја додека не се навршија илјада години. Тоа е првото воскресение.

6. Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и ќе царуваат со него илјада го­дини.

Поразот на сатаната

7. А кога ќе се навршат илјада години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој,

8. и ќе излезе да ги лаже народите по четирите краишта на земјата, Гог и Магог, и да ги собере за војна; нивниот број е колку морскиот песок.

9. Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град; падна од Бога оган небесен и ги проголта.

10. А ѓаволот, што ги лажеше, беше фрлен во огнено и сулфурно езеро, каде што е ѕверот и лажниот пророк; тие ќе бидат мачени дење и ноќе во векови.

Конечниот Суд

11. И видов голем бел престол и Сед­на­тиот на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и за нив место не се најде.

12. Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отво­рија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мрт­вите според запишаното во книгите, спо­ред делата нивни.

13. Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои.

14. А смртта и пеколот беа фрлени во Огненото Езеро. Тоа е втората смрт.

15. И кој не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во Огненото Езеро.