поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Нов Завет

Откровение 10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Ангелот и малата книга

1. И видов друг силен ангел како слегува од небото, обвиен со облак, над главата виножито, а лицето негово беше како сонце, додека нозете како огнени столбови;

2. во раката своја тој држеше отворена книшка; и ја постави својата десна нога над морето, а левата – над земјата;

3. и извика со висок глас, како што ри­ка лав; а кога извика, седум громови проговорија со своите гласови.

4. И кога седумте громови проговорија со своите гласови, сакав да пишувам. Но чув глас од небото, кој ми зборува­ше: „Запечати го тоа што го зборуваа седумте громови, и немој да го пишу­ваш!“

5. И ангелот, кого го видов како стои над морето и над земјата, крена рака кон небото

6. и се заколна во Оној Кој живее во вечни векови и Кој го создал небото и сѐ што е на него, земјата и сѐ што е на неа, и морето и сѐ што е во него – дека не ќе има веќе време,

7. но во деновите, кога седмиот ангел ќе се огласи и ќе затруби, тогаш ќе се изврши тајната на Бога, како што им беше објавил Тој на своите слуги – проро­ците.

8. И гласот што го бев чул од небото, одново прозборува со мене и рече: „Оди и земи ја отворената книшка од рацете на ангелот што стои над морето и над земјата!“

9. Тогаш отидов кај ангелот и му реков: „Дај ми ја книшката!“ Тој ми од­говори: „Земи ја и изеди ја! Во стомакот твој таа ќе ти биде горчлива, но во устата ќе ти биде слатка како мед.“

10. Ја зедов книгата од рацете на ан­ге­лот, и ја изедов и во устата ми беше слатка како мед, а кога ја изедов, ми беше горчлива во стомакот.

11. И ми рече: „Треба пак да пророкуваш меѓу многу народи и племиња, јазици и цареви.“