поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Нов Завет

Откровение 8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Отворање на седмиот печат

1. Кога го отвори седмиот печат, нас­тана тишина на небото околу по­ло­вина час.

2. И ги видов седумте ангели што стоеја пред Бога и им беа дадени седум труби.

3. Тогаш дојде друг ангел со златна кадилница и застана пред жртвеникот; и му беше даден многу темјан, та со мо­литвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник што беше пред престолот.

4. Димот од темјанот, заедно со молит­вите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога.

5. И ја зеде ангелот кадилницата, и ја наполни со оган од жртвеникот, и ја фр­ли на земјата, и тогаш се појавија гласови, грмотевици, светкавици и зем­јотрес.

Седумте труби

6. И седумте ангели што ги држеа седумте труби, се приготвија да затрубат.

7. Првиот ангел затруби, и се појави град и оган, смешани со крв, и паднаа на земјата. И една третина од дрвјата изгореа, и сета зелена трева изгоре.

8. Затруби и вториот ангел – и како не­која голема гора, пламната во оган, се срина во морето; и третина од морето се претвори во крв;

9. и умре една третина од морските суштества, што имаа душа; и една тре­тина од корабите пропаднаа.

10. И третиот ангел затруби, и од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило, и падна врз третината од реките и водните извори.

11. А името на таа ѕвезда е Пелин. И третиот дел од водите загорчи како пе­лин, и многу луѓе умреа од водите, би­дејќи беа загорчени.

12. Потоа затруби и четвртиот ангел, и беше удрена една третина од сонцето, една третина од месечината и една тре­тина од ѕвездите, за да потемнее една третина од нив, та третина од денот, ка­ко и на ноќта, да не свети.

13. И видов и чув еден орел како лета среде небото и вика со висок глас: „Тешко, тешко, тешко на оние што жи­веат по земјата од другите трубни гла­сови на трите ангели што ќе трубат!“