поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Нов Завет

Откровение 15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Седумте ангели и седумте последни казни

1. И видов друг знак на небото, голем и чуден: седум ангели што ги држеа седумте последни казни, заш­то со нив ќе се заврши Божјиот гнев.

2. И видов нешто како стаклено море, измешано со оган; и оние што го победија ѕверот и неговата биста, неговиот белег и бројот на неговото име, стоеја на тоа стаклено море и имаа харфи Божји.

3. И ја пееја песната на Мојсеј, Бож­јиот слуга, и песната на Јагнето, ве­леј­ќи: „Големи и чудесни се делата Твои, Господи Боже Седржителе! Праведни и вистинити се Твоите патишта, Царе на народите!

4. Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави името Твое? Зашто само Ти си свет; зашто си­те народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе; бидејќи се појавија Твоите праведни судови!“

5. Потоа видов: ете, на небото се отвори храмот на скинијата на собранието.

6. И излегоа од храмот седумте ангели, што ги држеа седумте зла, облечени во чисти и светли облеки од ленено платно и опашани преку градите со златни појаси.

7. И едно од четирите животни на седумте ангели им даде седум златни чаши, полни со гневот на Бога, Кој жи­вее во вечни векови.

8. И се исполни храмот со дим од славата на Бога и од силата Негова, и никој не можеше да влезе во храмот до­дека не се извршија седумте казни на седумте ангели.