поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Нов Завет

Откровение 18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Падот на Вавилон

1. А по ова видов како слегува од небото друг ангел кој имаше го­лема власт: и земјата светна од не­го­ви­от болскот.

2. И извика силно, зборувајќи со висок глас: „Падна, падна великиот Вавилон, и стана ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врта­лиште на сите нечисти и гадни птици;

3. зашто со отровното вино на своето блудство ги напои сите народи. И царевите земни блудствуваа со неа, а тр­говците земни се збогатија од нејзината голема раскош!“

4. И чув друг глас од небото како вели: „Излезете од неа, луѓе Мои, за да не соучествувате во гревовите нејзини, и да не добиете од казните нејзини;

5. бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото, и Бог си спомна за неправдите нејзини.

6. Платете ѝ како што и таа ви плати вам и дајте ѝ двојно онолку за делата нејзини; со чашата, со која ве служеше, послужете ја двојно.

7. Колку што се прослави и живееше раскошно, толку мака и јад вратете ѝ. Зашто во срцето свое вели: ‚Седам како царица, вдовица не сум и мака нема да видам.‘

8. Затоа во еден ден ќе ја сполетаат казните; смрт, жалост и глад, и ќе биде изгорена во оган, зашто силен е Господ Кој ја суди.

9. И ќе заплачат и ќе заридаат по неа царевите земни, кои блудствуваа со неа и живееја раскошно, кога ќе го видат димот од горењето нејзино;

10. и стоејќи оддалеку, од страв пред нејзините маки ќе велат: ‚Тешко, тешко, голем граде Вавилоне, граде силни, зашто во еден час дојде пресудата твоја!‘

11. И трговците земни ќе плачат и ри­даат за неа, бидејќи стоките нивни нема веќе никој да ги купува;

12. стоки од злато и сребро, од дра­гоцени камења и бисери, од висон и порфир, од свила и скерлет, секакво миризливо дрво и секакви работи од слонова коска: секакви изработки од скапоцено дрво, од бакар, железо и мермер;

13. и цимет и темјан, миро и ливан, ви­но и масло, брашно и пченица, говеда и овци, коњи и коли, тела и души чо­веч­ки.

14. И овошјата, за кои душата ти копнееше, повеќе ги немаш, и сето богатство и сјај исчезнаа за тебе, и нема веќе да ги најдеш.

15. Трговците, кои со тие стоки се збо­га­тија од неа, ќе стојат оддалеку од страв пред маките нејзини, и плачејќи, и ридајќи

16. ќе зборуваат: ,Тешко, тешко тебе, граде голем, облечен во свила, порфир и скерлет, украсен со злато, драгоцени камења и бисери,

17. зашто во еден миг пропадна толку големо богатство!‘ И сите сопственици на кораби, и сите патници во корабите, и морнарите, и оние што тргуваат по море, застанаа оддалеку

18. и викаа, па гледајќи го димот од горењето негово, велеа: ,Кој беше како овој голем град?‘

19. И ги посипаа главите свои со пепел и со плачење викаа и велеа: ,Тешко, тешко тебе, граде голем со чии скапо­це­ности се обогатија сите што имаа ко­раби по море; зашто за еден миг за­пусте!‘

20. Весели се поради тоа, небо, и вие светии и апостоли и пророци, зашто Бог ги заштити вашите права!

21. Тогаш еден силен ангел подигна еден камен, голем како воденички ка­мен, па го фрли во морето и рече: ,Со такво бучење ќе биде сринат Вавилон, големиот град, и ќе го нема веќе!‘

22. И глас на харфисти, пејачи, свирачи и трубачи во тебе нема веќе да се чуе; никаков уметник од која и да е уметност нема веќе да се најде во тебе, шум од воденичен камен нема веќе да се чуе во тебе.

23. И светлина од светила нема веќе да осветлува во тебе, и глас на младо­же­нец и невеста нема веќе да се чуе во те­бе, бидејќи трговците твои беа големи луѓе на земјата, зашто преку твоите ма­гии се заблудија сите народи.

24. И во него се најде крв на пророци и светии, а и на сите што беа погубени на земјата.“