поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Нов Завет

Откровение 3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Порака до црквата во Сард

1. И на ангелот на Сардската црква напиши му: еве што вели Оној Кој ги има седумте ѕвезди: ги знам делата твои; носиш име дека си жив, а мртов си.

2. Биди буден и утврдувај ги оние што се на умирање; бидејќи делата твои не ги најдов совршени пред Мојот Бог.

3. Спомни си за она што си го примил и чул, и послушај го, и покај се. Ако не бидеш буден, ќе дојдам против тебе како крадец, и нема да дознаеш кога ќе дојдам против тебе.

4. Но во Сард имаш неколку имиња што не ги осквернија алиштата свои. Тие ќе одат со Мене во бела облека, би­дејќи се достојни.

5. Кој победува ќе биде облечен во бе­ла облека, и нема да му го избришам името негово од книгата на животот, туку ќе го признаам името негово пред Мојот Отец и пред Неговите ангели.

6. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.

Порака до црквата во Филаделфија

7. И на ангелот на Филаделфиската црква напиши му: вака вели Светиот, Вистинитиот, Оној, Кој го има клучот Давидов, Кој отвора, и никој не може да затвори, – и Кој затвора, никој не може да отвори:

8. ги знам делата твои. Ете, ти дадов отворена врата, што никој не може да ја затвори; ти имаш мала сила и сепак го запази словото Мое, и не одречувај се од името Мое.

9. Ете, ќе направам некои од сатанската синагога – оние што велат дека се Ју­дејци, а не се, туку лажат, – да дојдат и да се поклонат пред нозете твои и да познаат дека Јас те засакав.

10. Бидејќи ти го запази словото на тр­пението Мое, и Јас ќе те запазам од часот на искушението кое ќе дојде над целиот свет, за да ги искуша оние што живеат на земјата.

11. Ете, доаѓам скоро: држи што имаш, за никој да не го земе венецот твој.

12. Оној кој победува, ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог, и нема веќе да излезе надвор; и ќе го напишам на него името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог, на новиот Еру­са­лим, кој слегува од небото од Мојот Бог, и Моето ново име.

13. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.

Порака до црквата во Лаодикија

14. И на ангелот на Лаодикиската црк­ва напиши му: ова го вели Амин, Вер­ниот и Вистинитиот Сведок. Почетокот на Божјото создание:

15. ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок!

16. Така, бидејќи си млак, а не жежок, или студен, ќе те изблујам од устата Своја!

17. Зашто велиш: „Богат сум и се збо­га­тив, и ништо не ми треба“, а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол;

18. те советувам да си купиш од Мене злато низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се об­ле­чеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш.

19. Оние што Јас ги сакам, нив ги ка­рам и воспитувам. И така, биди искрен и покај се.

20. Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.

21. На оној што победува, ќе му доз­во­лам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Отецот Свој на Неговиот престол.

22. Кој има уво, нека чуе, што им збо­рува Духот на црквите.