поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Нов Завет

Откровение 4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Отворено небо

1. Потоа погледав, и ете, отворена врата на небото, и поранешниот глас, што го бев чул како од труба, кој зборуваше со мене, рече: „Искачи се ов­де и ќе ти покажам што треба да стане потоа!“

2. И веднаш бев обземен од духот. И ете, на небото стоеше престол, и на престолот седеше Некој.

3. Оној што седеше изгледаше како камен јаспис и сардис, а околу престолот виножито, кое прилегаше на смарагд.

4. Околу престолот, пак, имаше дваесет и четири престоли; и на престолите видов седнати дваесет и четири старешини, облечени во бели алишта, а на главите светкавици, громови и гласови; имаа златни венци.

5. И од престолот излегуваа молњи, громови и гласови, а пред престолот гореа седум огнени светила, кои се седумте Божји духови;

6. пред престолот, пак, имаше стаклено море, слично на кристал; а сред престолот и околу престолот – четири животни, однапред и одназад полни со очи:

7. првото животно прилегаше на лав, второто – на теле, третото животно имаше лице како на човек, а четвртото личеше на орел во лет.

8. Четирите животни имаа по шест крилја околу себе, а однатре беа полни со очи, и без прекин дење и ноќе вос­кликнуваа: „Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој ќе дојде!“

9. А кога животните Му оддаваа слава, чест и благодарност на Седнатиот на престолот, на Живиот во сите векови,

10. дваесет и четирите старешини паѓаа пред Седнатиот на престолот, Му се поклонуваа на Живиот во сите векови и ги полагаа своите венци пред престолот, велејќи:

11. „Достоен си, Господи, да ја примиш славата, честа и силата, зашто Ти си создал сѐ, и според Твојата волја постои сѐ и е создадено!“