поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Нов Завет

Откровение 17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Вавилон – големата блудница

1. Потоа дојде еден од седумте ангели, што ги имаа седумте чаши, и зборуваше со мене, велејќи ми: „Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница која седи над многу води;

2. со неа блудствуваа земните цареви, и со виното на нејзиното блудство се опија жителите на земјата!“

3. И ме одведе со духот во пустина: и видов жена како седи на црвен ѕвер, кој беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови.

4. А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, со драгоцени камења и бисери. Во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино.

5. А на челото ѝ беше напишано име­то: „Тајна, великиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии.“

6. И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и со крвта на сведо­ци­те Исусови; и се зачудив многу ко­га ја видов.

7. И ми рече ангелот: „Што се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на оваа жена, и на ѕверот, што ја носи и има седум глави и десет рогови.

8. Ѕверот, што го виде ти, беше и го нема; тој ќе излезе од бездната и ќе за­гине; и земните жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот од созданието на светот, ќе се почудат, ко­га ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иако постои.

9. Овде е потребен ум што има муд­рост. Седумте глави, тоа се седумте го­ри врз кои седи жената;

10. а седумте цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане.

11. И ѕверот што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе загине.

12. А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не при­мија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот.

13. Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот.

14. Тие ќе војуваат против Јагнето, и Јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Гос­подар над господарите и Цар над царе­ви­те, и оние, што ќе се со Него, се повикани и избрани и верни.“

15. И ми рече: „Водите што ги виде ти, каде што седи блудницата, тоа се лу­ѓето и народите, племињата и јазиците.

16. А десетте рогови, што ги виде на ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата, ќе ја запустат и оголат, и телото нејзино ќе го изедат, а неа самата на оган ќе ја изгорат.

17. Зашто Бог им даде во срцата нивни да ја исполнат волјата Негова, да се договорат и да го дадат царството свое на ѕверот, додека не се исполни словото Божјо.

18. А жената, која ја виде ти, е голе­ми­от град кој царува над земните цареви.“