поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Нов Завет

Откровение 11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Двата сведока

1. И ми се даде мерна трска слична на жезол, и ми се рече: „Стани и измери го Божјиот храм и жртвеникот и оние што се поклонуваат во него.

2. А дворот пред храмот остави го и не мери го, бидејќи им е даден на нез­набошсите: тие ќе го газат светиот град четириесет и два месеци.

3. И ќе им дадам на двајца Мои сведоци, и тоа облечени во вреќи, да проро­куваат илјада двесте и шеесет дена.“

4. Тие се двете маслинови дрвца и два­та светилника што стојат пред Гос­по­да­рот на Земјата.

5. И, ако некој сака да им направи неправда, оган ќе излезе од устата нив­на и ќе ги проголта нивните неприја­те­ли; да, така треба да биде убиен оној што ќе посака тоа да го направи.

6. Тие ќе имаат власт да го затворат небото за да не паѓа дожд во деновите на нивното пророкување, и ќе имаат власт над водите да ги претвораат во крв и да ја поразат земјата со секаква мака, кога ќе посакаат.

7. И кога ќе го завршат сведоштвото, тогаш ѕверот, кој ќе излезе од бездната, ќе им објави војна и ќе ги победи, и ќе ги убие.

8. А труповите нивни ќе ги остави по улиците на големиот град, кој духовно се нарекува Содом и Египет, каде што и нивниот Господ беше распнат.

9. И многу од народите и племињата и јазиците ќе ги гледаат нивните трупови три и пол дена и нема да дозволат нив­ните трупови да бидат погребани во гробови.

10. И жителите на земјата ќе се зарадуваат и развеселат поради нив, и ќе си праќаат подароци еден на друг, бидејќи тие два пророка ги мачеа оние што жи­веат на земјата.

11. Но по три и пол дена во нив ќе влезе животен дух од Бога, и тие ќе се исправат на нозете свои, и голем страв ќе ги обземе оние што ќе ги гледаат.

12. Тогаш тие ќе чујат висок глас од небото како им вели: „Искачете се ваму!“ И тие ќе се искачат на небото во облаци, и непријателите нивни ќе ги ви­дат.

13. Во тој час ќе настане голем земјотрес и една десетина од градот ќе се сруши; а од земјотресот ќе загинат седум илјади човечки имиња: другите, пак, ќе се исплашат и ќе Му оддадат слава на небесниот Бог.

14. Второто зло мина. Ете, брзо иде третото зло.

Седмата труба

15. Затруби и седмиот ангел, и по небото одекнаа силни гласови, кои викаа: „Царството на светот стана цар­ство на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и Тој ќе царува во сите ве­кови!“

16. И дваесет и четирите старешини, кои седеа пред Бога на престолите свои, паднаа ничкум и Му се поклонија на Бога,

17. велејќи: „Ти благодариме, Господи Боже Седржителе, Кој си, Кој беше и Кој ќе бидеш, зашто ја прими Својата голема сила и се зацари!

18. Народите збеснаа, но дојде Твојот гнев и времето да им се суди на мртвите и да дадеш награда за слугите Твои – на пророците, на светиите и на оние кои имаат страхопочит кон името Твое, ма­ли и големи, и да ги погубиш оние што ја уништуваа земјата!“

19. Тогаш на небото се отвори храмот на Бога, и се јави ковчегот на заветот во Неговиот храм; и имаше светкавици и гласови, громови и земјотрес, и град го­лем.