поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Нов Завет

Откровение 19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Песна во чест на победата. Свадбата на Јагнето

1. Потоа чув висок глас како од многу народ на небото, кој веле­ше: „Алилуја, спасение и слава, чест и сила на нашиот Бог,

2. зашто пресудите Негови се вистинити и праведни; бидејќи Тој ја осуди големата блудница која со своето блудство ја расипа земјата, и се одмазди за крвта на слугите Свои, што загинаа од раката нејзина.“

3. И повторно рекоа: „Алилуја! Димот нејзин ќе се издига во векови!“

4. Тогаш паднаа дваесет и четирите старешини и четирите животни, та Му се поклонија на Бога, Кој седеше на престолот велејќи: „Амин, алилуја!“

5. А од престолот излезе глас, кој ве­ле­ше: „Фалете Го нашиот Бог сите слуги Негови и вие, кои имате страхопочит кон Него, големи и мали!“

6. И чув глас како од многу народ, глас како од многу води, и глас како од сил­ни грмотевици, кој велеше: „Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Сед­р­жи­те­лот!

7. Да се радуваме и да се веселиме и да Му оддадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Јагнето, и невеста Му се при­готви!

8. И ѝ се даде да се облече во чист и светол висон.“ А висонот е праведноста на светиите.

9. И ми рече: „Напиши – блажени се поканетите на свадбената вечера кај Јагнето!“ А ми рече уште: „Ова се вистински Божји зборови!“

10. И паднав пред нозете негови да му се поклонам; но тој ми рече: „Стој, и јас сум слуга како и ти и браќата твои, што го имаат сведоштвото Исусово; покло­ни Му се на Бога, зашто сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото!“

Јавачот на бел коњ

11. И го видов небото отворено, и ете, бел коњ и Оној Кој јаваше на него се ви­ка Верен и Вистинит, и Тој праведно суди и војува;

12. очите Му беа како огнен пламен, а на главата имаше многу круни и напишано име кое освен Него, никој не го знаеше.

13. И беше облечен во облека натопена со крв, и со името – Слово Божјо.

14. А небесните војски, облечени во бел и чист висон, врвеа по Него на бели коњи.

15. Од устата Негова излегуваше остар меч за да ги казни со него идолопокло­ниците. Тој ќе ги пасе со железен жезол и ќе ја изгази кацата со вино на јароста и гневот на Бога Седржителот.

16. На облеката и на бедрото Негово беше напишано името: „Цар над царевите“ и „Господар над господарите.“

17. Потоа видов еден ангел како стои на сонцето; тој извика со висок глас и им рече на сите птици што летаа сред небото: „Долетајте и соберете се на големата Божја вечера,

18. да јадете тела на цареви, тела на војводи, тела на силни, тела на коњи и на нивните јавачи, и тела на сите – слободни и робови, мали и големи!“

19. Тогаш го видов ѕверот и земните цареви и нивните војски собрани за да војуваат против Оној Кој седеше на коњ, и Неговата војска.

20. Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, та ги соблазни оние што беа примиле белег од ѕверот и ѝ се покло­ну­ваа на неговата биста: и обајцата живи беа фрлени во огненото езеро со за­па­лен сулфур;

21. другите, пак, беа убиени со мечот што излегуваше од устата на Оној Кој седеше на коњот. И сите птици се на­си­тија од телата нивни.