поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Нов Завет

Откровение 13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Двата ѕвера

1. И видов како од морето излег­у­ва ѕвер со седум глави и десет рогови; на роговите негови имаше десет круни, а на главите негови – богохулни имиња.

2. Ѕверот што го видов прилегаше на леопард: нозете му беа како кај мечка, а устата – како уста на лав. И змевот му ја даде силата своја, и престолот свој, и голема власт.

3. И видов дека една од главите негови како да беше смртно ранета, но таа смртна рана му заздраве. Тогаш се за­чуди целата земја и тргна по ѕверот;

4. и му се поклонија на змевот, кој му беше дал власт на ѕверот; му се покло­нија и на ѕверот, велејќи: „Кој е како ѕверот, и кој може да војува со него?“

5. Нему му се даде уста што зборуваше големи зборови и богохулства; и му се даде власт така да прави четириесет и два месеци.

6. Тогаш ја отвори устата за хулење против Бога за да го навредува името Негово, живеалиштето Негово и оние што живеат на небото.

7. И му се даде да војува против светиите и да ги победи; му се даде власт над секое колено, јазик и народ.

8. И ќе му се поклонат сите земни жи­тели, чии имиња не се запишани во книгата на животот на Јагнето заклано, од создавањето на светот.

9. Кој има уво, нека чуе:

10. кој во прогонство води, во прогонство ќе биде одведен; кој со меч убива, од меч треба да биде убиен. Тука е трпението и верата на светиите.

11. И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змевот.

12. Ја извршува сета власт на првиот ѕвер во негово присуство и ја присилува целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна рана се беше исцелила;

13. и правеше големи чуда, па дури и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето.

14. И ги мамеше земните жители со чудата што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на земните жи­тели да му направат биста на ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив.

15. И му се даде да вложи дух во бистата на ѕверот, та да прозборува тој и да направи да бидат убиени оние кои нема да се поклонат пред бистата на ѕверот.

16. И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни,

17. та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние што го има­ат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово.

18. Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест.