поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Нов Завет

Откровение 9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Затруби и петтиот ангел, и видов ѕвезда како падна од небото на земјата. И ѝ беше даден клучот од кла­де­не­цот на бездната;

2. па го отвори кладенецот на бездната, и од кладенецот излезе дим како дим од голема печка; сонцето и воздухот потемнеа од димот на изворот.

3. И од димот се појавија скакулци по земјата, и им се даде власт, каква што имаат земните скорпии.

4. И им се рече да не ја повредуваат тревата по земјата, ниту какво и да би­ло зеленило, ниту некое дрво, а само оние луѓе, кои немаат печат Божји на челата свои.

5. И им се даде не да ги убиваат, туку само да ги мачат пет месеци; и маче­ње­то нивно беше како мачење од скорпија, кога ќе касне човек.

6. Во тие дни луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат; ќе посакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив.

7. По својот облик скакулците личеа на коњи приготвени за војна: на главите нивни имаше нешто слично на златни венци, а лицата им беа како лица чо­веч­ки;

8. имаа коси како косите на жени, а забите им беа како заби на лавови.

9. И имаа оклопи како оклопи од же­лезо; а шумот на нивните крилја беше како шум на коли со многу коњи кога трчаат во војна.

10. Имаа, пак, опашки како скорпиите, а на опашките осила и им беше дадена сила да им пакостат на луѓето пет месеци.

11. И за цар над себе го имаа ангелот на бездната; името негово по еврејски е Авадон, а по грчки – Аполион.

12. Едното зло помина, еве идат уште две зла по него.

13. И шестиот ангел затруби, и чув еден глас од четирите рога на златниот жртвеник, што е пред Бога,

14. кој му зборуваше на шестиот ангел, кај кого беше трубата: „Ослободи ги че­тирите ангели, врзани кај големата река Еуфрат!“

15. И беа одврзани четирите ангели, кои беа приготвени за часот и денот, за месецот и годината, за да убијат една третина од луѓето.

16. Бројот на коњаниците беше двесте милиони – го чув нивниот број.

17. И така во видение ги видов коњите и оние кои јаваа на нив, што имаа оклопи огнени и синкасти и сулфурни. Главите на коњите личеа на глави од лавови, а од устата нивна излегуваше оган, дим и сулфур.

18. А од тие три зла – огнот, димот и сулфурот, што излегуваа од нивната уста, умре една третина од луѓето,

19. бидејќи нивната сила беше во нивната уста, а опашките нивни, што личеа на змии, имаа глави со кои пустошеа.

20. А другите луѓе, што не загинаа од тие зла, не се покајаа за делата на рацете свои, та да не се поклонуваат ни на ѓаволи ни на идоли златни и сребрени, бронзени, камени и дрвени, кои не мо­жат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту, пак, да одат;

21. и не се покајаа ни за убиствата свои, ниту, пак, за вражбите свои, ниту за блудството свое, ниту за кражбите свои.