поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28

Нов Завет

Матеј 28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Исусовото воскресение

1. Кога измина саботата, на осамнување во првиот ден на седмицата, дојдоа Марија Магдалена и другата Марија да го видат гробот.

2. И ете, стана голем потрес; ангел Господов слезе од небото, пристапи, го отстрани каменот од гробната врата и седна на него;

3. лицето му беше како молња, а облеката – бела како снег;

4. а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви.

5. Ангелот им се обрати на жените и им рече: „Не плашете се; знам дека Го барате Исуса распнатиот;

6. не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ,

7. па отидете бргу и кажете им на учениците Негови дека Тој воскресна од мртвите. И ете, ќе отиде пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите. Ете, ви кажав.“

8. И излегоа брзо од гробот, со страв и голема радост и отрчаа да им соопштат на учениците Негови.

9. Кога одеа да им јават на Неговите ученици, ете, Исус, ги пресретна и им рече: „Радувајте се!“ А тие се приближија, ги гушнаа нозете Негови и Му се поклонија.

10. Тогаш Исус им кажа: „Не плашете се; одете и соопштете им на браќата Мои, да отидат во Галилеја, и таму ќе Ме видат.“

11. Кога одеа тие, ете, некои од стра­жарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што беше станало.

12. И тие, кога се собраа со старе­ши­ните и се посоветуваа, им дадоа многу пари на војниците,

13. велејќи: „Кажете дека: ‚учениците Негови дојдоа ноќе и Го украдоа додека ние спиевме;‘

14. и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го убедиме и вас ќе ве ослободиме од грижа.“

15. А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.

Исус им се јавува на Своите ученици

16. А единаесетте ученици отидоа во Галилеја, на гората, каде што им беше заповедал Исус;

17. па, штом Го видоа, Му се поклонија; а некои се посомневаа.

18. А Исус, кога пристапи, прого­вори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата.

19. Одете и научете ги сите народи, кр­штевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,

20. и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до крајот на светот.“ Амин!