поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28

Нов Завет

Матеј 1 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Родословот на Господ Исус Христос

1. Книга за родословот на Исус Христос, син Давидов, син Авраамов.

2. Авраам го роди Исаак, Исаак го роди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и неговите браќа;

3. Јуда ги роди Фарес и Зара, со Тамара; Фарес го роди Есром, а Есром го роди Арам;

4. Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Салмон;

5. Салмон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Јесеј;

6. Јесеј го роди царот Давид, а царот Давид со жената на Урија го роди Соломон;

7. Соломон го роди Ровоам; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса;

8. Аса го роди Јосафат; Јосафат го роди Јорам, а Јорам го роди Озија;

9. Озија го роди Јоатам; Јоатам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија;

10. Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амон, а Амон го роди Јосија;

11. Јосија го роди Јехонија и браќата негови за време на преселувањето во Вавилон.

12. А по вавилонското преселување Јехонија го роди Салатиил, а Салатиил го роди Зоровавел;

13. Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор;

14. Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд;

15. Елиуд го роди Елеазар; Елеазар го роди Матан, а Матан го роди Јаков;

16. Јаков го роди Јосиф, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос.

17. И така, сите родови од Авраам до Давид се четиринаесет; и од Давид до преселувањето во Вавилон се четиринаесет родови; а и од преселувањето вавилонско до Христос – родови четиринаесет.

Раѓањето на Исус Христос

18. А раѓањето на Исус Христос стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека зачнала од Светиот Дух.

19. А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти.

20. Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја примиш Марија, твојата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.

21. Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“

22. А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели:

23. „Ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“

24. Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја прими за своја жена.

25. И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.