поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52

Стар Завет

Нов Завет

Еремија 43 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Еремија му ги кажа на сиот народ сите зборови на Господа, нивниот Бог, сите оние зборови кои Господ, нивниот Бог, ги испрати до нив,

2. Езаниј, синот Осаев, и Јоанан, синот Кариов, и сите оние дрски луѓе му одговорија на Еремија: „Ни зборуваш лаги.” Не те испрати Господ да ни зборуваш: ‘Не одете во Египет за да се населите таму,’

3. туку Варух, синот Нириин, те наговори да нè предадеш во рацете на Халдејците, кои ќе нè погубат или ќе нè одведат во вавилонско заточение!”

4. И Јоанан, синот Кариов, и сите заповедници и сиот народ не го послушаа Господовиот глас, за да останат во Јудејската Земја.

5. Туку Јоанан, синот Кариов, и воените заповедници го поведоа сиот Јудин остаток, оние кои што се беа вратиле од земјите во кои што беа заточени, за да се населат во Јудејската Земја:

6. мажите, жените и децата, и сите царски ќерки и сите луѓе кои Невузардан, заповедникот на телесната стража, ги остави кај Годолиј, синот Ахикамов, синот Сафанов, па и пророкот Еремија, и Варуха, синот Нириин,

7. та тие се иселија во Египет, зашто не го слушаа Господовиот глас. И дојдоа до Тафнес.

8. Во Тафнес му дојде Господово слово на Еремија:

9. „Земи во рацете големи камења и вгради ги, пред сите Јудејци, со кал во поплочницата пред влезот во фараоновиот дворец.

10. И речи им: ‘Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Еве праќам по Својот слуга Навуходоносор, вавилонскиот цар. Тој ќе го постави престолот врз овие камења што ги вградив и над нив ќе го оптегне својот царски шатор.

11. Да, ќе дојде и ќе ја порази Египетската Земја: Кој е за смрт, во смрт! Кој е за заточение, во заточение! Кој е за меч, под меч!

12. Тој со оган ќе ги изгори домовите на египетските богови, ќе ги изгори и ќе ги истера боговите, ќе ја исчисти Египетската Земја, како што пастирот ја треби својата облека. И тогаш, во мир ќе си отиде оттука.

13. Ќе ги искрши спомениците на капиштето на Сонцето што е во Хелиопол, а капиштата на египетските богови ќе ги изгори со оган.”‘“