поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52

Стар Завет

Нов Завет

Еремија 10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Слушајте го зборот што ви го зборува Господ, Израелев Дому.

2. Господ зборува вака: „Не свикнувајте на безбожниот пат, и не треперете пред небесните знаци, зашто пред нив треперат само безбожниците.

3. Зашто правилата на тие народи се ништожество, само дрво пресечено во гората, дело на рацете на дрводелецот,

4. украсено со сребро и злато, прицврстено со клинови и со млат за да не се ниша.

5. Слични се на птичините страшила во градината: не знаат да зборуваат. Треба да бидат носени, зашто не умеат да одат. Не бојте се од нив, зашто не можат да прават зло, но не можат да прават ни добро.”

6. Никој не е како Ти, Господи, Ти си велик и силно е Твоето Име.

7. Кој да не се бои од Тебе, Цару на народите? Навистина, Тебе Ти припаѓа, зашто меѓу сите мудреци на народите и во сите нивни царства Ти нема рамен! Со што палат оган, тоа ги залудува! Законот им е суетен - обично дрво.

8. Сите до еден тие се бесмислени и глупи; празно учење - тоа е дрво.

9. Сребро исковано во листови увезено од Тарсис, злато од Уфаз, работа на копаничарот и ракотворба на златарот, сè уметнички дела, наметнати со љубичесто и со црвено сукно.

10. А Господ е вистински Бог, Тој е жив Бог и вечен Цар. Земјата се тресе од Неговиот гнев, народите не можат да ја поднесат Неговата јарост.

11. Еве што ќе речете за киповите: „Боговите кои не ги создадоа небесата ни земјата треба да ги снема од лицето на земјата и под небото.”

12. Тој ја создаде земјата со Својата сила, со Својата мудрост ја утврди вселената, и со Својот ум ги оптегна небесата.

13. Кога ќе Му заечи гласот, водите на небесата шумат, ги крева облаците од крајот на земјата; му создава молња на дождот, го изведува ветерот од неговите засолништа.

14. На секој човек му застанува паметта, секој златар се засрамува од својот кип, зашто сите кипови му се само измама, нема дух во нив!

15. Тие се суетни, смешни творби, ќе пропаднат во денот на казната.

16. „Јакововиот Дел” не е како нив: зашто Тој е Творец на сè, Израел е племе на Неговото наследство, Господ над Воинствата е Неговото Име.

17. Собери ги своите искинати облеки од земјата, ти, кој живееш во тврдина!

18. Зашто Господ вели вака: „Ете, овој пат далеку ќе ги отфрлам жителите на оваа земја, ќе ги притеснам за да Ме најдат.”

19. Горко ми заради мојата повреда, мојата рана е неизлечива. А јас реков: „Сепак, болеста е моја, ќе ја носам!”

20. Мојот шатор е расипан, сите јажиња се скинати. Децата ме оставија: ги нема. Нема кој да го оптегне пак мојот шатор и да ги крене шаторските крилја.

21. Да, пастирите ја загубија паметта: Не Го бараа Господа. Затоа среќата не ги придружува, и сите стада се распрснаа.

22. Чујте вести! Еве, се доближува страшно бучење од северната земја, за да ги претвори јудејските градови во пустина, во кална локва на шакалите.

23. Знам, Господи, дека патот на човекот не е во неговата власт, дека човекот, кој што оди не може да ги управува своите чекори!

24. Господи, казни ме, но по правда, не во гнев, за да не ме сотреш.

25. Излеј гнев врз народите кои не Те признаваат, и на племињата кои не го повикуваат Твоето Име! Зашто тие го голтнаа Јакова, го изедоа, го запустија неговото живеалиште.