поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52

Стар Завет

Нов Завет

Еремија 19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ ми рече вака: „Отиди и купи глинена врчва. Поведи со себе неколку народни и свештенички старешини.

2. Појди во Долината Бен Еном, на влезот на Грнчарската Врата. Таму разгласи го зборот што ќе ти го речам.

3. Речи им: ‘Чујте го Господовото слово, јудејски цареви и ерусалимски жители. Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Еве, доведувам несреќа на ова место, та на сите што ќе го чујат тоа ќе им заѕуни во ушите.

4. Затоа што Ме оставија и го оттуѓија ова место кадејќи им на туѓи богови, што не ги познаваа нивните татковци ни јудејските цареви; и затоа што го натопија ова место со крвта на невините;

5. и затоа што ги изградија Вааловите високи места, за да му ги спалуваат синовите како жртви, а тоа Јас никогаш не им го наредив ниту заповедав, ниту пак Ми падна на ум нешто такво.

6. Затоа, еве, доаѓаат денови - зборува Господ - кога ова место не ќе се вика веќе Тофет, ниту Долина Бен Еном, туку Долина на Колеж.

7. Ќе ја осуетам на ова место намислата на Јудеја и на Ерусалим и ќе направам сите да загинат од непријателски меч, од рацете на оние што им работат спроти главата. А нивните трупови ќе им ги дадам за храна на небесните птици и на полските ѕверови.

8. А овој град ќе го направам презир и ужас: секој што ќе помине покрај него ќе се згрози и ќе свирка заради сите негови несреќи.

9. И ќе им дадам да го јадат месото на своите синови и ќерки. Да, секој ќе го јаде месото на својот ближен заради претешката неволја со која ќе ги притиснат нивните непријатели, што им работат спроти главата.”‘

10. Скрши ја врчвата пред очите на своите придружници

11. и речи им: ‘Вака зборува Господ над Војските: „Така ќе ги скршам овој народ и овој град, како што се крши грнчарски сад, та веќе не може да се поправи. Ќе се закопуваат во Тофет, зашто инаку не ќе има места за закопување.

12. Така ќе постапам со ова место - зборува Господ - и со неговите жители. И ќе го направам овој град сличен на Тофет.

13. И сите ерусалимски куќи и куќите на јудејските цареви ќе бидат нечисти како Тофет: сите куќи на чии покриви и се кади на сета небесна војска и им се излеваат налевници на туѓите богови.”‘“

14. Кога Еремија се врати од Тофет, каде што Господ го беше испратил за да пророкува, застана во дворот на Господовиот Дом, па почна да му зборува на сиот народ:

15. „Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: ‘Еве, ќе го доведам врз овој град и врз сите негови гратчиња сето зло со кое што им се заканував, зашто ги закоравија своите вратови не слушајќи ги Моите зборови.’”