поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52

Стар Завет

Нов Завет

Еремија 33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Додека Еремија уште беше затворен во темничкиот двор, и по вторпат му дојде Господовото слово:

2. „Вака зборува Господ, Кој ја создаде земјата, ја вообличи и ја зацврсти - Името Му е Господ!

3. ‘Повикај Ме, и ќе ти одговорам и ќе ти откријам големи и недостижни тајни за кои што не знаеш ништо.’

4. Зашто вака зборува Господ, Израелевиот Бог, за куќите на овој град и за дворците на јудејските цареви, разурнати заради насипи и меч,

5. и за оние што зафаќаат борба со Халдејците за да ги наполнат своите куќи со телата на луѓето, што ги истепав во Својата расрденост и јарост, и го одвратив Своето лице од овој град заради нивните лошотии.

6. Еве, Јас ќе ја исцелам нивната рана, Јас ќе ги оздравам и исцелам и ќе им пружам изобилство на вистинскиот мир.

7. Ќе ја изменам судбината на Јудината Земја и на Ерусалим и ќе ги подигнам да бидат како некогаш.

8. Ќе ги очистам од секој грев со кој согрешија против Мене, и ќе им ги простам сите вини што Ми ги скривија, одметнувајќи се од Мене.

9. И Ерусалим ќе Ми биде радост, за фалба и за чест пред сите народи на светот: кога ќе чујат за сето добро што ќе им го поделам, ќе се восхитуваат и ќе и се чудат на сета онаа среќа во мирот, што ќе им ја дадам.’

10. Господ зборува вака: ‘На ова место за кое што вие велите: „Тоа е пустина без човек и без животинче” - во јудејските градови и по запустените ерусалимски улици пак ќе се разнесуваат

11. извици на радост, извици на младоженецот и невестата, воскликнувањата на оние кои што, во Господовиот Дом, ќе принесуваат жртви благодарници пеејќи: „Славете Го Господа над Воинствата, Зашто Господ е благ, Зашто вечна е Неговата милост!” Зашто Јас ќе ја обновам земјата, За да биде како некогаш‘ - Говори Господ.

12. Господ над Воинствата зборува вака: ‘На ова место што е сега пусто, без човек и без животинче, и во сите градови пак ќе има пасишта за пастирите, што ги одморуваат своите стада.

13. Во градовите на Горјето, и во градовите на Шефел, и во градовите на Негев, во Венијаминовиот Крај, во околината на Ерусалим и во Јудините градови пак ќе поминуваат овците под раката на пастирите кои што ќе ги бројат - говори Господ.

14. Еве, доаѓаат денови - говори Господ - кога ќе го исполнам доброто ветување што им го дадов на Израелевиот дом и на Јудиниот дом:

15. Во оние денови и во она време ќе му подигнам на Давида праведен Подник. Тој ќе владее со земјата по правосудство и по правда.

16. Во оние денови Јудеја ќе биде спасена, Ерусалим ќе живее спокојно. А градот ќе се вика: „Господ, наша Правда.”

17. Зашто Господ зборува вака: „Никогаш на Давида не ќе му снема потомок, кој ќе седи на престолот на Израелевиот дом.

18. И никогаш на левитите и на свештениците не ќе им снемаат потомци, кои ќе служат пред Мене и ќе принесуваат паленици, приносници со кадење и ќе жртвуваат во сите денови.’”

19. И Господовото слово му дојде на Еремија:

20. „Господ зборува вака: ‘Ако можете да го укинете Мојот Завет со денот и Мојот Завет со ноќта, така што ќе нема веќе ни ден ни ноќ во право време,

21. ќе може да се укине и Мојот Завет со Мојот слуга Давид, та веќе не ќе има син, кој би царувал на неговиот престол, и со левитите и со свештениците, кои Ми служат.

22. Како што не може да се изброи небесната војска ни да се измери морскиот песок, така ќе го размножам потомството на Својот слуга Давид, и на левитите и на свештениците кои Ми служат.’”

23. И Господовото слово му дојде на Еремија:

24. „Не забележа ли што зборуваат овие луѓе: ‘Господ ги отфрли двете племиња, што ги беше избрал за себе?’ И со презир го одречуваат Мојот народ како да не Ми е веќе Мој народ.

25. Господ зборува вака: ‘Ако не го склучив Својот Завет со денот и со ноќта, и ако не им поставив закони на небото и земјата,

26. би можел да го отфрлам потомството на Јакова и на Давида, Својот слуга, за да не земам веќе нивни потомок за владетел над Авраамовото, Исаковото и Јакововото потомство, кога ќе ја изменам нивната судбина и кога ќе им се смилувам.’”