поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52

Стар Завет

Нов Завет

Еремија 41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во седмиот месец, дојде Исмаило, синот Нетаниин, син Елисаминов, од царски род, со десет луѓе и го побара Годолија, синот Ахикамов, во Миспа. И додека таму во Миспа, се гостеа заедно,

2. се крена Исмаило, синот Нетаниин, со своите десетмина, и со меч го погубија Годолиј, синот Ахикамов. И така го уби човекот, кого вавилонскиот цар го беше поставил над земјата.

3. А и сите Јудејци кои што беа со него во Миспа, и Халдејците, војници што се најдоа таму - Исмаило нареди да ги погубат.

4. Утреден, откако беше убиен Годолиј, додека уште никој не знаеше што се случи,

5. дојдоа луѓе од Сихем, од Сило и од Самарија, осумдесетмина, со избричени бради, искинати облеки и со зарези по телото, носејќи во рацете приноси и темјан, за да ги принесат во Господовиот Дом.

6. Исмаило, синот Нетаниин, им излезе од Миспа во пресрет, додека тие, плачејќи одеа по својот пат. Кога ги стигна, им рече: „Дојдете кај Годолиј, синот Ахикамов!”

7. А кога стигнаа среде градот, Исмаило, синот Нетаниин, и неговите луѓе ги заклаа и ги фрлија во јама.

8. А меѓу нив имаше десет луѓе кои што му рекоа на Исмаило: „Не нè убивај, зашто имаме во полињата закопани одвишоци пченица, јачмен, масло и мед.” Тој тогаш се откажа и не ги уби со нивните браќа.

9. А водособиралиштето во кое Исмаило ги фрли сите тела на погубените луѓе, големото водособиралиште, беше тоа истото што царот Аса го имаше направено против Васа, израелскиот цар. И сега, Исмаило, синот Нетаниин, го наполна со убиени луѓе.

10. Тогаш Исмаило го одведе остатокот на народот од Миспа, заедно со царските ќерки, кои што Невузардан, заповедник на телохранителите, му ги довери на Годолиј, синот Ахикамов: во самите мугри тргна Исмаило, синот Нетаниин, и се запати да ја помине земјата на Амоновите синови.

11. Но кога Јоанан, синот Кариов, и сите воени заповедници што беа со него, научија за сите злостори што ги имаше направено Исмаило, синот Нетаниин,

12. ги зедоа сите свои војници те тргнаа во бој против Исмаило, синот Нетаниин. Го најдоа покрај големата вода во Гаваон.

13. Штом оние луѓе кои што беа кај Исмаило го здогледаа Јоанан, синот Кариов, и сите воени заповедници, кои беа со него, се зарадуваа,

14. и сиот народ што Исмаило го одведе од Миспа се заврте и потрча кон Јоанана, синот Кариов.

15. Но Исмаило, синот Нетаниин, со осум луѓе избега од Јоанана и отиде кај Амоновите синови.

16. Тогаш Јоанан, синот Кариов, и сите воени заповедници кои беа со него, го зедоа останатиот народ што Исмаило, синот Нетаниин, откако го уби Годолиј, синот Ахикамов, го доведе од Миспа: мажите, жените и децата, и дворјаните, кои ги доведе од Гаваон.

17. Тргнаа, а кај Химамовата Гостилница, што е покрај Витлеем, тие се одморуваа за да можат да го продолжат патот и да стигнат во Египет,

18. што подалеку од Халдејците, од кои се плашеа: зашто Исмаило, синот Нетаниин, го уби Годолија, синот Ахикамов, кого што вавилонскиот цар го имаше поставено за намесник во земјата.