поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52

Стар Завет

Нов Завет

Еремија 24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ ми покажа, и ете: две кошници смокви стоеја пред Господовиот Дом, откако Навуходоносор, вавилонскиот цар, ги одведе од Ерусалим и го заточи во Вавилон Јехониј, синот Јоакимов, јудејскиот цар, заедно со јудејските кнезови, со ковачите и браварите.

2. Во една кошница беа многу добри смокви, какви веќе се ранките смокви; а во втората беа расипани смокви, толку лоши што не можеа да се јадат.

3. И Господ ме праша: „Еремија, што гледаш?” А јас одговорив: „Смокви! Добрите се многу добри, а лошите се многу лоши - толку лоши што не се за јадење.”

4. И ми дојде Господово слово:

5. „Вака зборува Господ, Израелевиот Бог: ‘Како на овие добри смокви, така ќе погледам милостиво на јудејските заточеници, кои од ова место ги протерав во Халдејската Земја.

6. И милостиво ќе ги насочам очите кон нив и ќе ги вратам во оваа земја. Повторно ќе ги подигнам и не ќе ги уништам веќе; пак ќе ги посадам и не ќе ги откорнам веќе.

7. И ќе им дадам срце за да Ме познаат дека Јас Сум Господ, за да бидат Мој народ, а Јас нивни Бог, зашто тие пак ќе се обратат кон Мене со сето свое срце.

8. Но како со лошите смокви, што се толку лоши да не се за јадење - да, говори Господ, така ќе постапам и со Седекија, јудејскиот цар, со неговите кнезови и со сите Ерусалимци што останаа во оваа земја, и со оние што се населија во Египет.

9. Ќе направам да им бидат за ужас на сите земни царства, за срам и потсмев, за укор и за клетва насекаде каде што ќе ги изгонам.

10. И ќе испратам врз нив меч, глад и помор, додека не се истребат од земјата што им ја дадов ним и на нивните татковци.’”