поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52

Стар Завет

Нов Завет

Еремија 11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Словото што Господ му го упати на Еремија:

2. „Чуј ги зборовите на овој Завет и зборувај им на Јудејците и на Ерусалимците.

3. Речи им: ‘Вака зборува Господ, Израелевиот Бог: „Проклет да биде човекот, кој не ќе ги послуша зборовите на овој Завет,

4. зборовите што им ги заповедав на вашите татковци кога ги изведов од Египетската Земја, од онаа вжарена печка, говорејќи: ‘Послушајте го Мојот глас и правете сè што ќе ви заповедам: тогаш ќе бидете Мој народ, а Јас ваш Бог,’

5. за да ја исполнам заклетвата со која им се заколнав на вашите татковци дека ќе им ја дадам земјата во која течат млеко и мед - како што е денес.”‘“ А јас одговорив и реков: „Така е, Господи.”

6. И Господ ми рече натаму: „Објави ги овие зборови по јудејските градови и по ерусалимските улици: ‘Послушајте ги зборовите на овој Завет, па извршувајте ги.

7. Зашто сериозно ги опоменував вашите татковци кога ги изведував од Египетската Земја и неуморно ги опоменувам до денес, велејќи: „Послушајте го Мојот глас.”

8. Но тие не слушаа и не го приклонија своето уво, туку се поведоа по закоравеноста на своето срце. Затоа дозволив да се исполнат на нив сите зборови на овој Завет, за кого им заповедав да се придржуваат за него, но тие не се придржуваа за него.’”

9. И Господ ми рече: „Заверата е меѓу Јудејците и Ерусалимците.

10. Се вратија кон беззаконијата на своите татковци, кои се оглушија на Моите зборови, па трчаа по туѓите богови, за да им служат. Израелевиот дом и Јудиниот дом го прекршија Мојот Завет, што го склучив со нивните татковци.”

11. Затоа Господ зборува вака: „Еве, ќе доведам врз нив зло на кое не ќе му избегаат; ќе викаат кон Мене, но Јас нема да ги слушам.

12. Тогаш јудејските градови и ерусалимските жители нека викаат кон боговите на кои им кадат, но тие нема да им помогнат во време на неволја!

13. Зашто имаш, о Јудејо, богови колку и градови! И колку што има улици во Ерусалим, толку жртвеници подигнавте за да му кадите на Ваала.

14. И така, ти не моли милост за тој народ, не дигај го гласот за нив и не моли, зашто нема да ги послушам кога ќе Ме повикаат во својата неволја.

15. Што бара мојата возљубена во Мојот Дом? Смислуваат лоши основи. Дали мрсното и посветеното месо ќе го отстранат злото од тебе? Дали можат затоа да те прогласат чиста?

16. ‘Зелена маслинка со убаво растење,’ така те нарече Господ. А сега со голем шум со пламен го гори нејзиното лисје, изгорени се нејзините гранки.

17. Господ над Воинствата, Кој те беше посадил, ти наметна несреќа заради злосторот што го направи Израелевиот дом и Јудиниот дом, кадејќи му на Ваала, за да Ме разгневат Мене.

18. Господ ми објави, па знам! Господи, тогаш Ти ми ги откри нивните сплетки.

19. А јас бев како кротко јагне, што го водат на колење и не претчувствував дека против мене кројат пакосни замисли. „Да го уништиме дрвото со неговите плодови; да го откорнеме од земјата на живите, за да не му се спомнува никогаш веќе името!”

20. Но Ти, Господи над Војските, Кој судиш праведно, Кој ги испитуваш срцето и бубрезите, дај ми да видам како им се одмаздуваш ним, зашто Тебе Ти ја доверив својата парница.

21. „Затоа Господ над Воинствата зборува против луѓето во Анатот, кои што ми работат спроти глава и зборуваат: ‘Не пророкувај веќе во Господово Име, за да не загинеш од нашата рака!’

22. Господ над Војските зборува вака: ‘Еве, Јас ќе ги казнам. Нивните младинци ќе загинат од меч, синовите и ќерките ќе изумрат од глад.

23. Ни Остатокот не ќе остане кога ќе им ја донесам несреќата на луѓето во Анатот во годината на нивната казна.’”