поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52

Стар Завет

Нов Завет

Еремија 25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Слово упатено до Еремија за сиот јудејски народ, во четвртата година на Јоаким, син на јудејскиот цар Јосиј - тоа е во првата година на Навуходоносор, вавилонскиот цар.

2. Пророкот Еремија му го навести тоа слово на сиот Јудин народ и на сите Ерусалимци:

3. „Од тринаесеттата година на Јосиј, синот Амонов, јудејскиот цар, сè до денешниот ден, на оваа дваесет и трета година, ми доаѓаше Господовото слово, и јас ви зборував еднакво, ама не ме слушавте.

4. И Господ исто еднакво ги праќаше кај вас Своите слуги, пророците, но вие не слушавте и не ги приклонивте своите уши за да чуете.

5. И ви зборуваа: ‘Вратете се секој од својот лош пат и од своите зли дела, и останете во земјата што Господ ви ја даде вам и на вашите татковци за сите времиња;

6. и не одете по туѓите богови, за да им служите и за да им се поклонувате; и не Ме разгневувајте со делата на своите раце, па нема ништо да ви сторам за жал.’

7. Ама не Ме послушавте - говори Господ - туку Ме разгневивте со делата на своите раце, за своја несреќа!

8. Затоа вака зборува Господ над Воинствата: ‘Затоа што не ги послушавте Моите зборови,

9. еве, Јас ќе ги испратам и ќе ги кренам сите народи од север - говори Господ - и Својот слуга Навуходоносор, вавилонскиот цар, и ќе ги доведам против оваа земја и против нејзините жители, и против сите околни народи; ќе ги истребам наполно и ќе ги направам за ужас и потсмев, вечна запустеност.

10. И ќе ги задушам меѓу нив: секој глас на радост и веселба, воскликнувањето на младоженецот и невестата, и тропотот на мелницата и светлината на светилката.

11. Сета земја ќе се претвори во запустеност и пустина, и сите народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години.

12. Но кога ќе се наполнат седумдесетте години, ќе ги казнам вавилонскиот цар и оној народ - зборува Господ - за нивното беззаконие, и Халдејската Земја ќе ја претворам во вечни урнатини.

13. Ќе доведам врз таа земја сè што реков против неа - сè што е напишано во овој книжен свиток, што пророкуваше Еремија за сите народи.

14. И тие ќе им служат на многу народи и на големи цареви, и ќе им платам според нивните работи и според делата на нивните раце.’”

15. Вака ми рече Господ, Израелевиот Бог: „Земи ја оваа чаша со вино од Мојата рака, и напој ги со него сите народи кај кои ќе те испратам.

16. Нека пијат додека не се затетерават и додека не обезумат од мечот што ќе го испратам меѓу нив.”

17. И ја зедов чашата од Господовите раце и ги напоив од неа сите народи кај кои што ме испрати Господ:

18. Ерусалим и јудејските градови со нивните цареви и кнезови, нека бидат урнатини, потсмев и проклетство, како што се и денес;

19. фараонот, египетскиот цар, со неговите слуги и кнезови, и со неговиот народ,

20. и сета онаа мешаница од народи: сите цареви на земјата Уз, сите цареви на Филистејската Земја, Аскалон, Газа, Акарон и она што остана од Азот;

21. Едом, Моав и Амоновите синови;

22. сите цареви на Тир, сите цареви на Сидон, царевите на островите преку море;

23. Дедана, Тема, Вуза и сите оние со истригани краеви на косата,

24. сите цареви на Арабија, сите цареви на мешаницата од народи, кои престојуваат во пустината;

25. сите цареви на Зимрија, и сите цареви на Елам, и сите цареви на Мидија;

26. сите цареви на Север, блиските и далечните, еден до друг, и сите царства на лицето на земјата. А царот Сисак ќе пие после нив.

27. „И речи им: ‘Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Пијте! Испијанете се! Блувајте! Паднете за да не се дигнете веќе од мечот што ќе го пуштам меѓу вас.”‘

28. „Ако не би сакале да ја земат чашата од твојата рака, за да пијат, речи им: ‘Вака зборува Господ над Војските: „Треба да пиете!

29. Зашто, еве, Јас почнав да го казнувам градот што се вика со Моето Име. А зар вие да поминете без казна? Не, не ќе останете неказнети, зашто Самиот ќе го повикам мечот да удри на сите жители на земјата” - говори Господ над Војските.’

30. „И така, ти им ги пророкувај сите овие зборови и речи им: ‘Господ ќе викне силно од висината, грми со гласот на Своето свето живеалиште, вика со сиот глас против Своето пасиште, подвикнува како оние што газат грозје. До сите жители на земјата

31. достига воен вик - до крајот на светот - зашто Господ се парничи со народите, излегува на суд со секое тело, безбожниците ќе им ги предаде на меч - вели Господ.”

32. Господ над Војските зборува вака: „Еве, несреќата веќе зафаќа народ по народ; страшно невреме веќе се подига, од краиштата на земјата.

33. Во оној ден ќе бидат истепани од Господа од едниот крај на светот до другиот. По нив никој не ќе тажи, ниту некој ќе ги собере и погребе; ќе останат како гној по земјата.

34. Ридајте, пастири, и викајте, тркалајте се по правот, водичи на стадата, зашто ви се исполнија деновите за колење, ќе испаѓате како избрани овни.

35. Веќе нема засолниште за пастирите, ниту спасение за водичите на стадата.

36. Чуј, како ридаат пастирите, како плачат водичите на стадата, зашто Господ го запустува нивното пасиште,

37. мирните пасишта се сотрени од Господовиот јаросен гнев.

38. Лавот ги остава грмушките, зашто ќе запустее нивната земја, од запустувачкиот меч, од јаросниот Господов гнев.”