поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52

Стар Завет

Нов Завет

Еремија 1 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Зборовите на Еремија, синот Хелкиин, свештеник од Анатот, во Венијаминовата Земја.

2. Господовото слово му дојде нему, во деновите на Јосиј, синот Амонов цар Јудин, во тринаесеттата година на неговото владеење:

3. потоа во деновите на Јоаким, синот Јосиин, царот Јудин, до свршетокот на единаесеттата година на Седекиј, синот Јосиин, царот на Јудеја, сè до заточението на Ерусалим во петтиот месец.

4. Ми дојде Господовото слово:

5. „Пред да те вообликувам во мајчината утроба, Јас те знаев; пред да излезеш од мајчината утроба, Јас те посветив, за пророк на сите народи те поставив.”

6. А јас реков: „Ах, Господи Боже, ете, јас не знам да зборувам: дете сум.”

7. А Господ ми одговори: „Не зборувај: ‘Дете сум!’ Туку оди кај оние кај кои те праќам и речи им го сè она што ќе ти го наредам.

8. Не бој се од нив: Зашто Јас Сум со тебе за да те избавам,” говори Господ.

9. И тогаш Господ ја протегна раката, ја допре мојата уста и рече: „Еве, ги ставам Моите зборови во твојата уста.

10. Ете, те поставувам денес над народите и над царствата, за да истребуваш и разурнуваш, за да сотираш и ништиш, за да градиш и садиш.”

11. И ми дојде Господовото слово: „Што гледаш, Еремија?” А јас реков: „Гледам бадемова гранка.”

12. Тогаш Господ ми рече: „Добро гледаш, зашто јас бдеам над Моите зборови, за да ги исполнам!”

13. И ми дојде Господовото слово: „Што гледаш?” А јас реков: „Гледам зовриен грнец, а неговиот отвор гледа кон север.”

14. И Господ ми рече: „Злото ќе избувне од север против сите жители на оваа земја.

15. Зашто, ете, Јас ќе ги свикам сите северни царства - Господово слово е. И тие ќе дојдат: секое од нив ќе го стави својот престол пред влезот на вратата на Ерусалим, против сите негови ѕидови, и против сите јудејски градови.

16. И ќе им судам за сите нивни зла; затоа што Ме оставија, затоа што им кадеа на други богови и им се клањаа на делата на своите раце.

17. Ти сега препаши ги своите бедра, стани, па ќе им зборуваш сè што ќе ти заповедам тебе. Не трепери пред нив, за да не треба да направам да се стресеш пред нив.

18. Ете, денес те поставувам како утврден град, како железен столб, како бронзен ѕид против сета земја: против царевите и кнезовите јудејски, против свештениците и народот на оваа земја.

19. И ќе војуваат со тебе, ама нема да те надвладеат, зашто Јас Сум со тебе, за да те избавам,” говори Господ.