поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52

Стар Завет

Нов Завет

Еремија 31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Во она време - говори Господ - ќе им бидам Бог на сите израелеви племиња, и тие ќе бидат Мој народ.”

2. Господ зборува вака: „Милост најде во пустината народот што му избега на мечот: Израел оди кон своја починка.”

3. Господ му се јави од далечина: „Те љубам со вечна љубов, затоа ти запазив милост.

4. Пак ќе те создадам, и ќе бидеш создадена Израелева девице. Пак ќе се украсуваш со тапанчиња, ќе се факаш во весел танец.

5. Пак ќе садиш лозја на ридовите на Самарија: кои ќе ги посадат насадите тие и ќе ги збираат.

6. Зашто доаѓа ден кога стражарите ќе викаат на Ефремовата Гора: ‘На нозе! Да се искачиме на Сион кон Господа, својот Бог!’”

7. Зашто Господ зборува вака: „Воскликнувајте му од радост на Јакова, поздравете го бурно првенецот на народите! Нека се разнесува вашиот глас! Објавете, прославете и кажете: ‘Господ го спаси Својот народ, Израелевиот Остаток!’

8. Еве, Јас ги водам од Северната Земја, ги собирам од краиштата на земјата: со нив се слепите и хромите, бремените и родилките: големата заедница се враќа.

9. Еве, тргнаа со солзи, сега ги враќам утешени! ќе ги водам покрај поточните води, по рамен пат на кој не ќе се сопнуваат, зашто Јас Сум му татко на Израел, Ефрем е Мој првенец.

10. Чујте го, о народи, Господовото слово, објавете го ширум во далечните острови: ‘Оној што го распрсна Израел пак го собира и го чува како пастирот своето стадо!’

11. Зашто Господ го ослободи Јакова, го избави од рацете на посилниот од него.

12. И тие, воскликнувајќи радосно, на Сионскиот Врв, ќе се науживаат во Господовите добра: жито, масло, младо вино, јагниња и телиња; душата ќе им биде како навадена градина, никогаш веќе не ќе гинат.

13. Девојките ќе се веселат на танец, младо и старо заедно, зашто тагата ќе им ја претворам во радост, ќе ги утешам и ќе ги развеселам по жалоста.

14. Со мрсно ќе им го закрепнам свештенството и Својот народ ќе го наситам со добра” - говори Господ.

15. Господ зборува вака: „Чуј! Во Рама се слуша ридање и горчлив плач: Рахела ги оплачува своите синови, и не сака да се утеши за децата зашто нив веќе ги нема.”

16. Господ зборува вака: „Прекрати да ридаш, избриши ги солзите во очите! Твоите страдања ќе бидат наградени: тие ќе се вратат од непријателската земја.

17. Има надеж за твоето потомство - говори Господ - твоите синови ќе се вратат во својот крај:

18. Добро го слушам Ефремовото липање: ‘Ти ме искара, и Јас се поправив како јунче уште нескротено. Обрати ме, за да се обратам, зашто Ти си, Господи, мој Бог.

19. Се одвратив од Тебе, но се покајав засекогаш, и сега се удирам по слабините. Се срамам и црвенеам, зашто го носам срамот на својата младост!’

20. Зар не ми е Ефрем драг син? Не е ли возљубено дете, зашто колку и да му се заканувам, секогаш со љубов си спомнувам за него; и срцето ми трепери за него од нежна сомилост - говори Господ.

21. Постави патокази, подигни столбови! Спомни си за врвилиштето, за патот по кој што помина. И врати се, Израелева девице, врати се во Своите градови!

22. До кога уште ќе се двоумиш, ќерко одметнице? Зашто Господ создаде нешто ново на земјата: жена ќе опкружи маж.”

23. Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Во Јудината Земја, кога ќе ја изменам нејзината судбина, во нејзините градови ќе се зборува вака: ‘Да те благослови Господ, Живеалиште на Праведноста, Света Горо!’

24. И во неа пак ќе се насели Јудеја со сите свои градови, земјоделците и оние што одат по стадата,

25. зашто Јас ќе ја закрепнам исцрпената душа, изобилно ќе ја нахранам истоштената душа.”

26. Како онаа: „Штом се разбудив, погледнав: сладок ли беше мојот сон!”

27. „Еве доаѓаат денови - Господово слово е - кога во Израелевиот дом и во Јудиниот дом ќе посеам човечко семе и животинско семе.

28. И како што некогаш бдеев за да ги откорнам, за да ги разурнам, за да ги истребам, за да ги сотрам и за да навалам несреќа врз нив, така сега ќе бдеам грижливо за да ги подигнам и за да ги посадам.

29. Во оние денови веќе не ќе се зборува: ‘Татковците јадеа кисело грозје, а на синовите им отрпнуваат забите.’

30. Туку секој ќе умре заради сопствената вина. И на оној што ќе јаде кисело грозје забите ќе му отрпнуваат.

31. Еве доаѓаат денови - говори Господ - кога ќе склучам Нов Завет со Израелевиот дом и со Јудиниот дом.

32. Не Завет каков што склучив со нивните татковци во денот кога ги зедов за рака за да ги изведам од Египетската Земја, Завет што тие го раскинаа иако Јас Сум нивни господар - говори Господ.

33. Туку, ова е Завет што ќе го склучам со Израелевиот дом по оние денови - говори Господ. Мојот закон ќе го ставам во нивната душа и ќе го напишам во нивното срце. И ќе бидам нивен Бог, а тие Мој народ.

34. И веќе не ќе го учи другарот другар ни братот брат, зборувајќи: ‘Познајте Го Господа!’ туку сите ќе Ме познаваат, и мало и големо, говори Господ - зашто ќе го простам нивното беззаконие и не ќе си спомнувам веќе за нивните гревови.”

35. Господ зборува вака: „Кој дава сонцето да свети дење, а месечината и ѕвездите ноќе, Кој го подига морето за да му бучат брановите - Името Му е Господ над Воинствата:

36. Ако некогаш се пореметат тие закони пред Мене - говори Господ - тогаш Израелевото потомство ќе прекрати да биде народ пред Моето лице довека!”

37. Господ зборува вака: „Ако можат да се измерат небесата горе, и да се истражат основите на земјата долу, тогаш и Јас ќе го отфрлам Израелевото потомство заради сè што направија - говори Господ.

38. Еве доаѓаат денови - говори Господ - кога Господовиот град ќе биде пак соѕидан, од Ананеиловата Стражарница до Вратата на Аголот.

39. И уште натаму ќе се протегне јажето за мерење, право до ритчето Гарив, а тогаш ќе се сврти кон Гоат.

40. И сета долина на трупови и пепел, и сите полиња до потокот Кедрон, до аголот на Коњската Врата на исток, ќе биде Господова светина. И веќе не ќе има разурнувања и проклетства.”