поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28

Нов Завет

Дела 12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Смртта на Јаков. Петар в затвор

1. Во тоа време цар Ирод стави ра­ка на некои од Црквата, и почна да ги измачува.

2. Со меч го уби Јакова, братот Јо­ва­нов.

3. А кога виде дека тоа им се допаѓа на Јудејците, го фати и Петар. Тоа беше за време на Бесквасници.

4. Него, кога го фати, го фрли в затвор предавајќи го на четири групи по чети­ри војници да го пазат. Неговата намера беше веднаш по Пасхата да го изведе пред народот.

5. И така, додека Петар го пазеа во затворот, Црквата непрестано Му се молеше на Бога за него.

6. Ноќта, спроти денот кога Ирод са­каше да го изведе, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во два пара лан­ци, а стражарите пред портата го чуваа затворот.

7. И, ете, ангел Господов застана, и светлина блесна во затворот. Ангелот го потчукна Петар по ребрата и го раз­буди, па му рече: „Стани брзо!“ И око­вите му паднаа од рацете негови.

8. Тогаш ангелот му рече: „Препашај се и обуј си ги чевлите!“ Така и на­пра­ви. И пак му рече: „Облечи ги алиш­та­та свои и врви по мене!“

9. И излезе и тргна по него, а не зна­еше дека тоа, што го направи ангелот, е вистина, туку си мислеше дека гледа привид.

10. Откако ја изминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, што водеше кон градот, а таа им се отвори сама. Тие излегоа и преминаа преку ед­на улица, и во тој час ангелот го снема.

11. Тогаш Петар, откако дојде на себе, си рече: „Сега знам дека навистина Господ го пратил Својот ангел да ме избави од рацете Иродови и од сѐ, што очекуваше јудејскиот народ.“

12. Сфаќајќи го тоа, тој дојде до куќата на Марија, мајката на Јован, наречен Марко, каде што беа собрани многумина на молитва.

13. А кога Петар затропа на портата, слугинката по име Рода пријде да нас­лушне.

14. И, штом го позна гласот на Петар, таа од радост не ја отвори портата, туку се втрча и јави дека Петар стои пред портата.

15. А тие ѝ рекоа: „Луда ли си ти?“ Но таа потврдуваше дека тоа е така. А тие велеа: „Тоа е сигурно неговиот ангел.“

16. Петар, пак, постојано чукаше. А кога му отворија, го видоа и се зачудија многу.

17. Тој им мавна со раката да молчат, а потоа им раскажа како Господ го извел од затворот, и рече: „Соопштете му за ова на Јаков и на браќата!“ Потоа из­ле­зе и отиде на друго место.

18. Утредента меѓу војниците настана голема вознемиреност поради тоа што се случило со Петар.

19. А Ирод, кој испрати потера по него, но не успеа да го пронајде, откако ги ис­пита стражарите, заповеда да ги погубат. Потоа тој слезе од Јудеја во Кеса­рија, и таму се задржа.

Смртта на Ирод

20. Ирод беше гневен на Тирците и Си­донците. Но тие, бидејќи нивните земји добиваа храна од неговото царство, се договорија и дојдоа кај него еднодушни, и откако го придобија на своја страна Власта, царевиот собар, побараа мир.

21. Во договорениот ден Ирод, облечен во царска облека, седна на престолот и одржа говор пред народот.

22. А народот воскликнуваше: „Ова е глас Божји, а не човечки.“

23. Но ненадејно во истиот миг ангел Господов, силно го удри, зашто не Му воздаде слава на Бога. И, изеден од цр­ви, тој умре.

24. А словото Божјо сѐ повеќе растеше и се распространуваше.

25. Варнава и Савле, откако го исполнија задолжението, од Ерусалим се вра­тија во Антиохија, од каде што го зедоа со себе и Јован, наречен Марко.