поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28

Нов Завет

Дела 6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Избор на седуммина помошници (ѓакони)

1. Кога учениците се намножија, ели­низираните Јудејци се побунија против Евреите зашто при секојдневното делење храна не биле пригледувани нивните вдовици.

2. Тогаш Дванаесетте, го свикаа целото мноштво ученици, и рекоа: „Не е добро ние да го оставиме словото Божјо и да послужуваме на трпезите.

3. Затоа, браќа, одберете меѓу вас седуммина чесни луѓе, исполнети со Дух и мудрост, па ќе ги поставиме на таа служба;

4. а ние целосно ќе ѝ се посветиме на молитвата и на службата на словото.“

5. Предлогот му се допадна на сиот на­род; па ги одбраа: Стефан, човек исполнет со вера и Дух Свети, Филип, Про­хор, Никанор, Тимон, Пармена, Нико­лај, еден новопридојден од Антиохија;

6. нив ги поставија пред апостолите, а тие, откако се помолија, ги положија рацете над нив.

7. И така, словото Божјо се ширеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мноштво свеш­теници ѝ се покори на верата.

Стефан е фатен

8. А Стефан, исполнет со вера и сила, правеше големи чудеса и знаци меѓу луѓето.

9. Тогаш се кренаа некои припадници на синагогата, наречена синагога на Ли­бертините, на Киринејците и Алек­сандријците, како и на оние што беа од Киликија и Азија, и почнаа да се препираат со Стефан;

10. но не можеа да се спротивстават на мудроста и Духот со кои тој зборуваше.

11. Затоа тајно подучија некои луѓе да речат: „Го чувме дека хули на Мојсеј и на Бога.“

12. Така го надразнија народот, старе­шините и книжниците. Потоа прис­та­пија кон него, го зграпчија и го одведоа во Синедрионот.

13. Таму поставија лажни сведоци, кои рекоа: „Овој човек постојано хули на ова свето место и на Законот.

14. Го слушнавме како зборува дека Исус од Назарет, Тој ќе го разруши ова место и ќе ги измени обичаите што ни ги предаде Мојсеј.“

15. Тогаш сите што беа во Си­нед­ри­онот го вперија погледот во него и ви­доа дека лицето негово му беше како лице на ангел.