поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28

Нов Завет

Дела 1 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Предговор

1. Првата книга, Теофиле, ја напишав за сѐ она што Исус го правеше и поучуваше, од почетокот,

2. па сѐ до денот кога се вознесе, от­ка­ко преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите што беше ги избрал.

3. Ним по Своето страдање им се прет­ста­ви жив, со многу верни докази, јавувај­ќи им се четириесет дни и зборувајќи им за царството Божјо.

4. Еднаш кога ги собра, Тој им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот што сте го слушале од Мене:

5. Јован крштеваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крс­те­ни со Светиот Дух.“

Исус се вознесува на небото

6. А тие, кои беа собрани, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли Ти ќе го вос­тановиш, Господи, царството Из­ра­иле­во?“

7. И Тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или часот што Отецот ги поставил во Своја власт;

8. но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете све­до­ци во Ерусалим и во цела Јудеја и Са­марија, и сѐ до крајот на земјата.“

9. И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа Тој се подигна, и облак Го под­зе­де од пред очите нивни.

10. И како што гледаа кон небото додека Тој се вознесуваше, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека,

11. и рекоа: „Луѓе Галилејци, што сто­ите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што Го видов­те да оди на небото.“

Избран нов апостол на местото на Јуда

12. Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Маслинова, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење.

13. И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што престојуваа Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов.

14. Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со браќата Негови.

15. И во тие дни Петар стана меѓу бра­ќата, а беа се собрале околу сто и дваесет души и рече:

16. „Мажи браќа! Требаше да се исполни напишаното што го беше претска­жал Светиот Дух преку устата Да­ви­до­ва за Јуда, водачот на оние што Го фа­тија Исуса,

17. зашто тој беше вброен меѓу нас и беше примил дел од оваа служба;

18. но со неправедна награда тој стекна нива и, откако падна ничкум, прсна по средината, и се истури целата негова утроба.

19. И тоа им стана познато на сите жители во Ерусалим дека таа нива се нарече на нивниот јазик Акелдама, што значи „крвна нива“.

20. Зашто во книгата на Псалмите е напишано: ‚Домот негов да запусти и никој во него да не живее, епископството негово друг да го прими.‘

21. И така, еден од оние луѓе што беа со нас за сето време, откако дојде и си замина од нас Господ Исус,

22. почнувајќи од крштевањето Јо­ва­ново па до денот кога се вознесе од нас, треба да биде сведок со нас за Неговото воскресение.“

23. И поставија двајца: Јосиф, наречен Варнава, а по прекар Јуст, и Матиј;

24. потоа се помолија и рекоа: „Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на си­те, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал,

25. за да прими дел од оваа служба и од апостолството од кое отпадна Јуда за да си отиде на своето место.“

26. И фрлија ждрепка за нив, и ждрепката падна на Матиј; и тој се вброи кон единаесетте апостоли.