поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28

Нов Завет

Дела 20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Патувањето на Павле во Македонија и Грција

1. Кога стивна вревата, Павле ги повика учениците и, откако им даде упатства, се прости со нив и тргна на пат кон Македонија.

2. А кога ги мина оние места и им даде многу упатства на верните, тој прис­тигна во Грција;

3. таму остана три месеци. И бидејќи Јудејците направија заговор против него, кога сакаше да отплови за Сирија, тој реши да се врати преку Македонија.

4. До Азија го придружуваше Сосипа­тар Пиров од Верија а од солунјаните Аристарх и Секунд, Гај од Дерва и Ти­мотеј, и азијците Тихик и Трофим.

5. Тие отидоа порано и нѐ чекаа во Троада.

6. А ние отпловивме од Филипи по дните на Бесквасници и за пет дена пристигнавме во Троада кај нив, каде што поминавме седум дена.

Чудото со Ефтих во Троада

7. И во првиот ден на седмицата, кога се собравме да прекршиме леб, Павле, бидејќи на другиот ден сакаше да тргне, расправаше со нив и го продолжи сло­вото до полноќ.

8. Во горната одаја, каде што се бевме собрале, имаше доста светилки.

9. А едно момче, по име Евтих, седеше на еден прозорес, и, совладано од дла­бок сон, додека Павле зборуваше многу, се помрдна во сонот и падна од третиот кат, и го дигнаа мртво.

10. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: „Не созда­вајте немир, зашто душата негова уште е во него!“

11. А потоа, откако се качи горе, пре­крши леб, го проба и зборуваше долго, дури до зори, а потоа отпатува.

12. Тогаш го доведоа момчето живо и тоа многу ги утеши.

Патувањето од Троада во Милит

13. Ние отидовме порано со кораб и от­пловивме во Асос, од каде што имав­ме намера да го земеме Павле, зашто са­ка­ше таму да патува пеш. Така ни бе­ше порачал.

14. Кога се сретна со нас во Асос, го зе­довме во коработ и дојдовме во Мити­лина.

15. А кога отпловивме оттаму, на вториот ден застанавме спроти Хиос, а следниот ден стигнавме во Самос и, откако престојувавме во Трогилија, на вториот ден дојдовме во Милит.

16. Во тоа време Павле реши да по­ми­не покрај Ефес, та да не се задржи мно­гу во Азија, зашто се брзаше да биде во Ерусалим на денот на Педесетница.

Павле се обраќа до старешините во Ефес

17. Но од Милит прати во Ефес да ги повика црковните старешини.

18. И кога дојдоа кај него, тој им рече: „Вие знаете дека од првиот ден, откако дојдов во Азија, го минував времето со вас,

19. служејќи Му на Господ со голема понизност и многу солзи, во иску­ше­нија, што ми се случуваа заради лошите замисли на Јудејците;

20. дека не пропуштив да ви соопштам ништо од она што е полезно и да ве поучувам на јавни места и по куќите,

21. сведочејќи им сериозно и на Јудејците и на Елините за покајание пред Бога и вера во нашиот Господ Исус Христос.

22. И ете, сега, поттикнат од Духот, одам во Ерусалим, не знаејќи на што ќе наидам таму,

23. освен за она, кое Духот Свети го посведочи по сите градови, велејќи дека ме чекаат окови и маки.

24. Но јас не се грижам за ништо, ниту, пак, ми е мил животот, доволно е само да стигнам до крајот на патот и служ­ба­та што ја примив од Господ Исус, да го посведочам Евангелието на Божјата благодат.

25. И сега, ете, јас знам дека нема веќе да го видите лицето мое сите вие, меѓу кои одев и го проповедав царството Божјо.

26. Затоа во денешниов ден ви све­дочам дека сум чист од крвта на сите,

27. бидејќи не пропуштив да ви ја со­оп­штам во целост волјата Божја.

28. Грижете се, пак, за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за епископи, за да бидете пастири на црквата на Господ и Бог, која ја придоби Тој со Својата крв.

29. Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат меѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото;

30. а и од вас самите ќе произлезат лу­ѓе, што ќе зборуваат искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе.

31. Затоа бидете будни и помнете дека цели три години дење и ноќе не прес­та­нував со солзи да поучувам секого од вас.

32. А сега, браќа, ве предавам на Бога и на словото од Неговата благодат; Тој може да ве унапреди подобро и да ви даде наследство меѓу сите посветени.

33. Од никого не побарав ни сребро, ни злато, ниту, пак, облека;

34. сами знаете дека за потребите мои и на оние што беа со мене, ми пос­лу­жи­ја овие мои раце.

35. Со сѐ ви покажав дека така треба да се трудите и да им помагате на не­моќ­ните, а исто така и да ги помните збо­ро­вите на Господ Исус, зашто Тој Сам рече: ‚Поблажено е да се дава, отколку да се прими.‘“

36. Кога го рече тоа клекна на колена и заедно со сите се молеше.

37. Тогаш сите плачеа многу и гуш­кајќи го Павле околу вратот, го цели­ваа,

38. нажалени најмногу од зборот што рече дека нема веќе да го видат лицето негово. И го испратија до коработ.