поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28

Нов Завет

Дела 24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Обвинувањето на Јудејците против Павле

1. По пет дена слезе прво­свеш­те­никот Ананија со старешините и со некој си говорник Тертил, па излегоа пред намесникот, обвинувајќи го Павле.

2. А кога го повикаа Павле, Тертил почна да го обвинува, велејќи:

3. „Секогаш и насекаде со голема бла­годарност признаваме дека преку тебе, многупочитуван Феликсе, кај нас има полн мир, а преку грижите твои – на овој народ му се дели вистинска правда.

4. Но, за да не ти одземеме многу вре­ме, те молам да нѐ ислушаш накратко со твојата кротост.

5. Утврдивме дека овој човек е чума и дека крева бунтови против сите Јудејци по вселената и дека е предводник на назарејската ерес.

6. Тој се обиде дури и храмот да го ос­кверни. Затоа ние го фативме и сакавме да му судиме според нашиот Закон;

7. но заповедникот Лисиј дојде и со голема сила го истргна од рацете наши, и го испрати кај тебе,

8. откако заповеда и ние, неговите об­винители, да дојдеме кај тебе. Ти ќе мо­жеш сам да го испиташ и од него да доз­на­еш за што го обвинуваме ние.“

9. И Јудејците потврдуваа дека е така.

Павле ја искажува својата одбрана пред Феликс

10. Намесникот му даде знак на Павле да зборува, а тој одговори: „Бидејќи знам дека од пред многу години си му судија на овој народ, со послободно срце ќе зборувам во моја одбрана.

11. Ти можеш да дознаеш дека нема повеќе од дванаесет дена откако се ис­качив во Ерусалим на поклонение.

12. Но не ме најдоа ниту во храмот не­кому да зборувам, или бунт да кревам меѓу народот, ни по синагогите, ниту, пак, во градот.

13. Ниту, пак, тие можат да го докажат она што сега ти зборуваат за мене.

14. Но ти признавам дека според уче­њето, кое тие го нарекуваат ерес, Му служам на Бога на нашите татковци, дека верувам во сѐ што е напишано во Законот и во Пророците,

15. дека се надевам на Бога, дека ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, кое и тие сами го очекуваат.

16. А затоа и сам се трудам секогаш да имам чиста совест пред Бога и пред луѓето.

17. По многу години дојдов да му донесам на мојот народ милостина и прино­си.

18. Тогаш, кога се бев очистил, ме најдоа во храмот, ни со народ, ниту со не­мир,

19. некои азиски Јудејци, кои требаше да се претстават пред тебе и да ме обви­нат, ако имаат нешто против мене.

20. Или, пак, тие сами да кажат дали во мене нашле некаква неправда, кога се бев јавил пред Синедрионот, –

21. освен само овие зборови, кои, заста­нат пред нив, гласно ги изговорив: ‚За­ради воскресението на мртвите ме су­ди­те вие денес.‘“

22. Кога го слушна тоа Феликс, тој го одложи делото, бидејќи добро знаеше за тоа учење, и рече: „Ќе го разгледам де­лото кога ќе дојде заповедникот Лисиј.“

23. И му заповеда на стотникот да го пази Павле, но да му дава извесна слобода, и да не запира никого од неговите блиски да му служат, или да доаѓаат кај него.

Павле пред Феликс и Друзила

24. По неколку дена дојде Феликс со жената своја Друзила која беше Јудејка, па го повика Павле и слушаше од него за верата во Христос Исус.

25. А кога Павле зборуваше за правда, за воздржување и за идниот суд, Феликс се уплаши и одговори: „Сега оди си, а кога ќе најдам време, ќе те повикам.“

26. При ова се надеваше дека Павле ќе му даде пари за да го пушти; затоа чес­то го повикуваше и разговараше со не­го.

27. Но кога изминаа две години, Фе­лик­са го замени Порциј Фест. И бидејќи са­каше да им угоди на Јудејците, Феликс го остави Павле во окови.