поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48

Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа ме одведе во Храмот. Му ги измери полустолбовите: беа широки шест лакти од едната и шест лакти од другата страна.

2. Вратата беше широка десет лакти: на секоја страна по едно крило од пет лакти. А потоа го измери Храмот: беше долг четириесет а широк дваесет лакти.

3. Тогаш влезе и ги измери полустолбовите на вратата: два лакта; потоа вратата: шест лакти; па широчииата на вратата: седум лакти.

4. Потоа го измери внатрешниот простор: должина дваесет лакти, широчина пред Храмот дваесет лакти. И ми рече: „Тоа е Светина над Светините.”

5. Потоа го измери ѕидот на Храмот: шест лакти. Страничните простории беа широки четири лакти, сè околу Храмот.

6. Страничните простории беа една над друга, беа триесет на три ката. Во храмскиот ѕид беа сè наоколу, засеци, за да ги прифатат страничните простории. Така тие не беа вградени во храмскиот ѕид.

7. Широчината на просториите се зголемуваше од кат до кат, зашто тие се наоколу на катови, го опкружуваа Храмот, а Храмот, одејќи нагоре, оставаше сè поширок простор. Од најдолниот кат се одеше нагоре до најгорниот низ средниот.

8. Тогаш видов сè околу Храмот некаква височина. Основите на страничните простории: цела трска, шест лакти.

9. Дебелината на надворешниот ѕид на страничните соби: пет лакти. Преминот меѓу страничните простории на Храмот

10. и собите беше сè наоколу Храмот, дваесет лакти широк.

11. Од страничните простории излегуваа за премин една врата кон север и една кон југ. Преминот беше широк пет лакти секаде наоколу.

12. Зградата што го затворуваше заградениот простор од запад беше широка седумдесет лакти, а ѕидот на таа градба секаде наоколу беше дебел пет лакти и долг деведесет лакти.

13. Тој го измери Храмот: беше долг сто лакти. Заградениот простор неговото здание и ѕидовите, долги сто лакти.

14. Широчината на челото на Храмот со заградениот простор кон исток: сто лакти.

15. Тој ја измери должината на зданието вдолж заградениот простор што беше одназад и ходниците од едната и од другата страна: сто лакти.

16. Внатрешноста на Храмот, тремовите на дворот, праговите, прозорците со решетките и ходниците на сите три страни наоколу, спроти праговите, беа сè наоколу обложени со дрво од земјата до прозорците. Прозорците беа покриени.

17. Од влезот сè до внатрешноста на Храмот, а така и однадвор, сè по целиот ѕид наоколу, одвнатре и однадвор,

18. беа ликови на херуви и палми. По една палма меѓу два херува, а секој херув имаше две лица:

19. кон палмата од едната страна човечко лице, а кон палмата од другата страна лавско лице. Така беше по сиот Храм сè наоколу:

20. од земјата до над вратата беа наделкани херуви и палми, а така и по ѕидот на Храмот.

21. Довратниците на Храмот беа четириаглести. И Светилиштето имаше таков вид, како што видов.

22. Пред Светилиштето нешто како жртвеник од дрво: висок три лакта, долг два лакта. Неговите агли, подножјето и страните беа од дрво. И човекот ми рече: „Еве го столот што е пред Господовото лице!”

23. И Храмот и Светилиштето имаа по две врати,

24. а секоја врата по две крила што се вртеа. Две крила на едната и две крила на другата врата.

25. А на вратите на Храмот беа ископаничарени херуви и палми, како што беа изделкани и по ѕидовите. Надвор пред тремот беше дрвена надстреа.

26. Прозорците со решетките и палмите беа од едната и од другата страна на тремот, во страничните простории на Домот и на стреите.